26 Декември, 2024
0.0354

(ГАЛЕРИЈА) ЗАЕВ И АХМЕТИ СО ИСТА ПОРАКА: Претстојниот референдум клучен за иднината на Македонија

Објавено во: Македонија 13 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Претставници на Владата, на Собранието, на дипломатскиот кор, градоначалници присуствуваа на денешниот панел „Патот до Брисел преку Охрид“ кој се одржа во рамки на одбележувањето на 17 години од потпишувањето на Рамковниот договор во организација на Секретаријатот за европски прашања.

Дел од учесниците ја потенцираа важноста на Охридскиот рамковен договор како инструмент и пример за решавање на конфликти во регионот и пошироко, уверување оти со него се поставени темелите за изградба и целосно функционирање на едно демократско мултиентичко општество, како и верување дека на претстојниот референдум на 30 септември граѓаните ќе го изберат европскиот пат на земјата

Премиерот Зоран Заев кој беше еден од панелистите, изразил почит кон политичарите кои пред 17 години собрале сили и по долгите исцрпувачки преговори успеале да постигнат договор и да стават крај на конфликтот во 2001 година. 

Според него, Охридскиот рамковен договор е гарант дека насилството нема да биде механизам за постигнување на политички или какви било други цели и претставува основа за изградба на соживотот меѓу различните етнички заедници кои живеат во земјава. 

„Денеска ја градиме Македонија како едно општество и едно семејство за сите, рече Заев и додаде дека за само една година по доаѓањето на власт на новата Влада, земјата од изолирана држава стана отворена кон соседите, но и пошироко во напорите за нејзино интегрирање во ЕУ и НАТО. 

Тој  го спомена Договорот за добрососедство кој пред една година беше потпишан со Бугарија, но и историскиот договор за решавање на спорот со Грција со кој повтори дека е загарантиран македонскиот идентитет, што е прифатен и признат од сите. 

- Како што пред 17 години храброста на граѓаните, но и нашите политичари ја извлекоа Македонија од криза, нас сега ни се дава можност да бидеме храбри, да донесеме вистинска одлука за да ја обезбедиме нашата иднина, иднината на нашите деца. Знам дека на 30 септември  обединети ќе зачекориме со крената глава кон светлата иднина на Македонија. Сигурен сум и цврсто верувам дека ќе избереме европска Македонија, порача Заев. 

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во обраќањето на дебатата истакна дека во минатото дури и најголемите оптимисти не размислувале дека по 17 години Македонија ќе биде пример за решавање на конфликти и за тоа како конфликтните ситуации се трансформираат во дијалог. 


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Финансиската полиција го уапси Артан Ајрули за набавка на телевизори во Државна лотарија

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

ЗА НАБАВКА НА ТЕЛЕВИЗОРИ ВО ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА: Уапсен газдата на „Ритрон Копи“

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

АЛБАНИЈА ПОТВРДИ: Артан Груби нема албанско државјанство

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

OJO: Поведена постапка за злоупотреба при јавни набавки во „Државна лотарија“

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

МИЦКОСКИ ТВРДИ ДЕКА СЛУЖБИТЕ ГО СЛЕДЕЛЕ НЕГО И НЕГОВОТО СЕМЕЈСТВО: Објасни која е причината

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

ФИНАНСИСКА ПОЛИЦИЈА УАПСИ ЛИЦЕ ПОВРЗАНО СО „ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА“ - се проширува случајот

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШЕН НАЧАЛНИК НА ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ВО ВЛАДАТА - овозможил на колега кој не исплнил услови да добие бонус од 600 евра

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

Тошковски: Граничниот полицаец бил импресиониран од политичката големина на Груби и од луксузното возило

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор

ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ СЕ ОГЛАСИ ГАШИ: Треба да има политичка волја и политички договор