(ГАЛЕРИЈА) ЖУРКА ЗА ВАРДАР која ќе се раскажува со години: „Рековме дека попрво ќе умреме отколку да изгубиме“
Објавено во: Македонија, Галерија 04 Јуни, 2019 08:37
Скопје и граѓаните приредија незаборавен дочек за играчите на Вардар синоќа кои втор пат станаа прваци на Европа. Гордоста на Македонија е во распад, играчите со месеци не земале плата, газдата е во фаза на заминување а со него и неколку стожерни играчи.
Никој не очекуваше дека таков Вардар може воопшто да биде меѓу најдобрите четири, а тие отидоа до крај и седнаа на кровот на Европа.
-Ви благодарам на сите. Ова е победа за вас, за сите нас. Еден живот, една љубов“ - порачаа Чупиќ и Шишкарев од бината веднаш по доаѓањето во центарот на Скопје каде ги дочека насобраната толпа.
-Ова е Божја награда за сите маки кои ги поминавме оваа сезона. Јасно е, среќни сме, отидовме на фајнл фор и игравме без притисок. Само сакавме да ги усреќиме навивачите кои сега ни организираа феноменален дочек. Атмосферата во екипата, врската која ја имаме со навивачите, тоа се работи кои не се опишуваат со зборови-кажа пак Игор Караџиќ.
Ситуацијата од една интересна перспектива ја искоментира левото крило на Вардар, Владо Недановски.
-Ова е чудесно, неверјатно е чувството да се биде член од екипата која испишува историја. Им благодарам на соиграчите кои ми донеса два европски наслови за кои не дадов никако допринос. Се надевам дека Вардар ќе биде тука уште долго за да ги радува своите навивачи-рече Недановски.
Еден од најаслужените за овој резултат, Тимур Дибиров, ја истакна хомогеноста на момчињата како клуч за успехот.
-Ние сме екипа која има 18 капетани. Не бевме во сјајна ситуација по првото полувреме со Барселона, но успеавме да направиме пресврт. Рековме дека попрво ќе умреме отколку да изгубиме. И видовте што се случи-јасен беше Дибиров.
Фото: Вангел Тануровски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија
(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип
УТРЕ ДА ГИ ВНЕСЕМЕ БУГАРИТЕ ВО УСТАВ, ПРАШАЊЕ Е ДАЛИ ЗА 3,6 ИЛИ 9 МЕСЕЦИ ЌЕ ИМАМЕ НОВ УСЛОВ: Мицкоски за уставните измени
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Одбраната на поранешните градоначалници Папазов и Илијев тврди дека немале никаква надлежност и одговорност за „Пулс“
CNN ЗА МАКЕДОНИЈА: Постои една прекрасна јужноевропска земја со вкусна храна и одлично вино
Телото на Миле Тодоров било пронајдено пред половина месец
УХМР за утре сподели „жолт хидроаларм“ - каде се можни излевања?
ТАЖЕН КРАЈ: Исчезнатот Миле Тодоров од Неготино е најден починат





