19 Декември, 2025
0.0505

ГАРДЕРОБА, ФРИЗУРА, ШМИНКА: Колку трошат младите за да се спремат за матурската вечер?

Објавено во: Македонија 13 Мај, 2025 07:49

Добивај вести на Viber

На матурантите им требаат неколку илјади денари само за купување на облека за прослава на матурската вечер, а дополнително младите ќе потрошат за чевли, шминка, фризура и слично. Некои веќе купиле гардероба за матурската вечер.

„Јас за фустанот дадов 200 евра. На женските ќе им требаат повеќе пари за да се спремат, за шминка, фризура, нокти. Шминката чини од 1.000 до 1.500 денари, зависи каде, нокти по 600-700 денари, фризура 1.000 денари, зависи каде, зависи каква фризура. Треба да се плати и за прослава во ресторан. Во мојот клас повеќето сме од скромни семејства, а некој можеби ќе сака да си дозволи и поголем луксуз“, рече Бојана Д. матурантка од Куманово.

Од бутиците велат дека женските најчесто купуваат фустани за прославата, а машките костуми.

„Фустани бараат како и секогаш. Долги, едноставни, црвената боја доминира. Стандардно ја сакаат таа боја. Последниве години некако нема луксуз. Скромно се облекуваат. Трошат до 4.000 или 5.000 денари за фустани“, објаснуваат од скопски бутик.

Од машки бутик во внатрешноста велат дека оваа сезона матурантите бараат костуми во потемна боја.

„Машките купуваат костуми. Повеќе ги сакаат темните бои, бараат сиви костуми.  Нема нешто специјално. Секој си купува според можностите, а имаме костуми од 4.000, 5.000, до 8.000 или 12.000 денари“, додаваат од бутик во Штип.

Од град до град и од дуќан до дуќан, цените се различни.

„Зависи, шминка и фризура некаде чини по 50 евра, некаде 100 евра и повеќе. Кај мене има шминка за 1.000 денари, а фризура чини од 1.000 до 1.500 денари, зависи за што се работи. За нокти земаме од 800 до 1.500 денари“, велат од струмички фризерско-козметички салон.

Но, граѓаните раскажуваат дека ако некој сака да си дозволи луксуз, за матурската вечер може да потроши и неколку илјади евра, нешто за што повеќето немаат можности. Со матурата младите го слават завршувањето на средното образование. Освен прослава во рестораните, некои матуранти ќе слават и со трубачи, но и дома со блиските. Дури имало и случаи кога матуранти во земјава славеле со тапани и со ора. Во некои општини има и дефилеа на матуранти. Според податоците на Државниот испитен центар(ДИТ) во средните училишта оваа година има околу 15.000 матуранти.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот