19 Декември, 2025
0.1356

ГАШИ ПУШТЕН НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ: по дводневниот престој на Клиниката за дигестивна хирургија се огласи на социјалните мрежи

Објавено во: Македонија 25 Јули, 2025 12:54

Добивај вести на Viber

Претседателот на Собранието Африм Гаши по дводневен престој на Клиниката за дигестивна хирургија денеска е пуштен на домашно лекување. 

Од Кабинетот на претседателот на Собранието информираат дека тој ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки. 

- Во врска со загриженоста за здравствената состојба на претседателот на Собранието, Африм Гаши, ја информираме јавноста дека по краткиот дводневен престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија и по спроведувањето на сите потребни медицински прегледи, здравствената состојба на претседателот е добра и стабилна. 

Денес, Гаши е отпуштен од болница и ќе продолжи со своите институционални активности во согласност со медицинските препораки - стои во информацијата од Кабинетот на претседателот.

Оттаму изразуваат благодарност до директорот на Клиниката и до целиот медицински тим за професионализмот, грижата и посветеноста покажани за време на лекувањето.

По отпуштањето на Гаши од болница, и самиот со пост на социјалните мрежи се заблагодари до тимот на клиниката каде беше сместен. 

Неколку дена по мојот престој на Универзитетската клиника за дигестивна хирургија, денес се чувствувам добро и, откако беа извршени сите потребни прегледи, отпуштен сум од болница. Благодарение на Бога мојата здравствена состојба сега е стабилна.

Најпрво, чувствувам внатрешен порив длабоко и искрено да им се заблагодарам на сите кои се погрижија за мене во овој период.

Посебна благодарност до директорот на клиниката, проф. д-р Огнен Костовски, до лекарите, медицинските сестри и до целиот здравствен персонал кои ме третираа со професионалност, посветеност и хуманост.

Исто така, од срце ви се заблагодарувам на сите вас, пријатели, колеги, сограѓани, претставници на институции и медиуми за убавите зборови, за бројните пораки и постојаниот интерес. Вашата грижа беше дополнителна сила за моето закрепнување.

Се враќам повторно на извршување на јавните должности, свесен за одговорностите што ги носам и исполнет со љубовта што ја добив. Срдечно Ви благодарам! - напиша Гаши на Фејсбук. 


Пред два дена излезе веста дека Гаши е примен на клиниката, што предизвика голем интерес, особено поради недостиг на информации во привите саати од неговата посета на болницата. Подоцна Министерството за здравство сподели кратки информации за приемот на претседателот на Собранието.


ГАШИ ПУШТЕН НА ДОМАШНО ЛЕКУВАЊЕ - по дводневниот престој на Клиниката за дигестивна хирургија се огласи на социјалните мрежи

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните