Собранието не ја изгласа интерпелацијата за Меџити
Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025
Со три гласа „за“, 64 гласови „против“ и ниту еден „против“, Собранието не ја прифати интерпелацијата за вицепремиерот, Изет Меџити.
„Вреди“ ја обвини ДУИ дека преку интерпелациите сака да го скрие криминалот и корупцијата на високи партиски функционери. Од ДУИ, пак сметаат дека со помош на Вреди се губат албанските права.
Во моментот тече образложувањето за поднесената интерпелација за министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоиљковиќ.
Претходно помина интерпелацијата за Илире Даути.