24 Јануари, 2025
0.0300

КРМОВ: Левица нема да ги поддржи етнички мотивираните интерпелации на ДУИ

Објавено во: Македонија 10 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Левица нема нема да ги поддржи интерпелациите за Тошковски, Меџити, Стоилковиќ и Исени кои се на дневен ред на Собранието, а се поднесени од страна на Европскиот фронт, кажа пратеникот од Левица Борислав Крмов.

„Околу интерпелацијата за министерот Панче Тошковски сметаме дека тој е најодговорен за ситуацијата на денот на прославата на албанското знаме, кога македонското знаме беше сквернавено, кога беше газено, плукано, кинето, заради неговата ненавремена реакција и затоа Левица тогаш побара оставка. Но, ако ја прочитате интерпелацијата којашто е предложена од Европскиот фронт, ќе видите дека аргументацијата е дијаметрално спротивна од таа на Левица. Ние цениме дека е етнички мотивирана, дека е за собирање ефтини политички поени и за нивни тесно партиски интереси и затоа таа интерпелација нема да ја поддржиме“, истакна Крмов.

Околу другите три интерпелации Крмов кажа дека исто така нема да ги поддржат затоа што сметаат дека тие се дадени само да се покрие етничката мотивираност за интерпелацијата на Тошковски. 

„Ако ја читате таму аргументацијата ќе видите дека се бара одговорност за настаните на денот со албанското знаме. Ние цениме дека за тој настан другите три функционери немаат некоја голема одговорност. На пример, Изет Меџити е најодговорен за овој геноцид што ни се случува со загадениот воздух во Скопје, Струмица, Охрид, Тетово но, такви аргументи во интерпелацијата нема. Што значи ние мислиме дека овие три интерпелации се најмногу предложени да се покрие етничката мотивација за претходната за министерот за внатрешни работи и затоа нема да наидат на поддршка од пратеничката група на Левица“, рече Крмов.

Во Собранието денеска од пет интерпелации помина само онаа предложена од пратеничката група на Левица за Илире Даути, од Европскиот фронт која го блокираше законот за бранителите. За гласаа 61 пратеник. 

Можеби ќе ве интересира

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

ОБВИНИТЕЛСТВО ЌЕ ГИ ПРЕГЛЕДУВА ИСКАЗИТЕ И СНИМКИТЕ - комплетиран полицискиот извештај за падот на ученикот од Прилеп

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МАКЕДОНСКА ДРЖАВЈАНКА Е ПРОТЕРАНА ОД СРБИЈА КАКО „БЕЗБЕДНОСНА ЗАКАНА“: МНР бара објаснување од српските власти

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

МЕРКО НЕ ЧУСТВУВА ВИНА ЗА СПОМЕН ПЛОЧАТА - му се судеше и за незаконско поставување директори, но не и за „Аудито“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

СТОИЛКОВИЌ ВЕЛИ ДЕКА ЏИП НА МИНИСТЕРСТВОТО БИЛ ОСТАВЕН НА СЕРВИС: Објасни дека сега личи на „искубана кокошка“

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

НЕ БИЛО ЗЕЛКА, ТУКУ КЕЉ: Инспекторатот за земјоделство изврши 20 вонредни контроли, забранети пестициди не се откриени

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

МИЦКОСКИ: Македонското прашање нема да биде затворено додека земјата не стане членка на ЕУ

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

ЗЕМЈОТРЕС ВО МАКЕДОНИЈА: Се стресе северозападниот дел

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

„НА РАБОТНИКОТ НИКОЈ НА МУ ПЛАЌА ПАТНИ ТРОШОЦИ“: Мециновиќ вели Собранието со претвара во Зоолошка кога ќе се спомене темата

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ

Почина проф. д-р Васил Мицевски – истакнат физичар и долгогодишен професор на ПМФ