16 Декември, 2025
0.0498

„Гастербајскиот рај“ воведува новина која на многумина нема да им се допадне

Објавено во: Свет 28 Август, 2014 21:19

Добивај вести на Viber

Германската влада во средата го претстави предлог законот за сузбивање на „социјалниот туризам“ од други држави членки на ЕУ, кој предвидува протерување на преварантите кои го злоупотребуваат нејзиниот „великодушен“ систем на социјална заштита и забрана на нивното враќање на пет години.

Двајца министри кои го претставиле овој закон велат дека новите правила, со кои се планира да им се помогне на градовите изложени на големиот притисок од Романци и Бугари, пред се Роми, нема да го блокира слободното движење во ЕУ ниту да ги кршат правилата на европската унија.

Министерот за внатрешни работи Томас де Маизиер на конференцијата за новинари рекол дека нвиот закон, кој се темели на препораките на владините експертски групи објавени во март, би можел да стапи на сила од 2015 година.

„Веруваме дека можеме да го контролираме тој проблем и во исто време да го сочуваме слободното движење во ЕУ“ рекол тој.

Нема шанси да најдат работа

Германија е магнет за европските граѓани кои ја искористуваат слободата на движење во ЕУ поради својата стабилна економија, високи плати и мала невработеност. На германската индустрија исто така и недостасуваат работници.

Бројот на Бугари и Романци кои стигнале во Германија во јануари, кога правилата се промениле, се зголемил од 80 посто на 98,50 според официјални податоци. На крајот на февруари во земјата живееле околу 430.000 Бугари и Романци, што е пет пати посто од вкупно 7,7 милиони странци во таа земја.

Германската влада вели дека повеќето доаѓаат во земјата легално како би работеле или студирале, но некои лажат дека се самовработени како би ја искористиле социјалната заштита или дечиј додаток, а всушност немаат никакви шанси ниту намера да пронајдат работа.

Казни и до три години затвор

Минатата година градоначалници на 16 градови меѓу кои се Келн, Хановоер и Дортмуд јавно побарале помош поради овој проблем.

Де Маизиер и министрите за труд Андреа Нахлес рекле дека тие кои го злоупотребуваат системот, со протерување, може да добијат до три години затвор или парична казна доколку бидат прогласени криви за лажни или нецелосни податоци за својот статус за престој.

Строги бирократски контроли

Државјаните на ЕУ ќе добиваат исто така само привремени дозволи за престој, а оние кои сакаат дозвола за престој подолготрајна од шест месеци прво ќе мора да докажат дека имаат шанса за работа. Германија ќе воведе и строги бирократски контроли за социјална помош.

Владата со тоа, на градовите, кои во најголем дел се одговорни за заштита над своите сограѓани, ќе им помогне со 25 милиони евра за финансирање на трошоците за престојување и греење.

„Целта е да се запрат злоупотребите“, изјавил Андреа. „Секој случај на злоупотреба на системот ја намалува поддршката на јавноста“.

Можеби ќе ве интересира

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица