Гебрејесус од СЗО за коронавирусот: Повеќе од 10.000 луѓе умираат секој ден
Објавено во: Свет, Корона Вирус 15 Јуни, 2021
Смртноста од коронавирусот во светот не треба да се потценува. Паѓа бројот на заразени, но не и на смртни случаи од коронавирусот во светот.
Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, денеска изјави дека бројот на новозаболени се намалил во последните седум седмици.
„Повеќе од 10.000 луѓе умираат секој ден. Повеќе од 420 луѓе ќе умрат само за време на оваа прес-конференција“, рече Гебрејесус.
Рече дека бројот на заразени лица го „маскира“ наглото зголемување на заразените и починатите во многу земји, а како пример ја наведе Африка. Во светот досега се потврдени над 177 милиони случаи на коронавирус. Очекува да се вакцинираат најмалку 70 проценти од светската популација до Самитот на Г7, кој ќе се одржи во Германија во 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.