ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ СЕ ПРОСТИ ОД СВОЈОТ КОЛЕГА - шокиран сум што силен и здрав млад човек пшочина од ковид
Објавено во: Македонија 27 Октомври, 2020
Генерал Стојанче Ангелов се прости од поранешниот припадник на Тигрите, Игор Ангеловски, кој почина од ковид.
Како што објави Фактор, тој немал ниту еден коморбидитет.
„Од Ковид 19 почина Игор Ангеловски - Гиле (41) поранешен припадник на т.н. единица "Биди Тигар", формирана во втората половина на 2001 година во склоп на ЕСЗ Тигар.
Игор Ангеловски беше началник на СВР Велес во периодот на последната техничка влада. Претходно работеше во Единицата за специјални задачи на МВР „Тигар“, беше инструктор во Центарот за обука во Идризово и самостоен инспектор во крим. техника во СВР Велес. Исто така беше и инспектор за обeзбедување на ВИП личности и објекти.
Шокиран сум од сознанието дека овој силен, здрав и прав млад човек почина од компликации предизвикани од Ковид 19. Игор не можеме да го вратиме но во оваа прилика чувствувам потреба да повикам да се почитуваат мерките за заштита од Ковид 19 без разлика дали и колку верувате во нив.
Искрено сочувство до семејството. Бог да го прости!“, напиша генералот Стојанче Ангелов на својот фејсбук профил.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.