19 Декември, 2025
0.0503

Генералниот директор на „Алкалоид“ – го доби престижниот „Златен медал“ од Црвениот крст

Објавено во: Мои пари 12 Декември, 2013 14:18

Добивај вести на Viber

Црвениот крст на Република Македонија му го додели престижното признание „Златен медал“ на Генералниот директор и Претседател на Управниот одбор на „Алкалоид“, г. Живко Мукаетов, за безрезервната поддршка на социјални програми кои се насочени кон помагање на најранливата категорија граѓани. На пригодна церемонија што се одржа на 12.12.2013 година во просториите на Црвениот крст, организацијата му изрази огромна благодарност на г. Мукаетов за како што истакнаа, огромниот придонес кој континуирано со години го дава во насока на помош на оние на кои истата им е најпотребна. „Со особено задоволство го доделуваме ова високо признание во знак на благодарност за укажаната помош во остварувањето на хуманитарните цели на Црвениот крст и во повеќе наврати обезбедената поддршка на програмските активности на нашата организација. Ефектите се повеќе од позитивни“, истакна г. Саити. Дел од пригодната церемонија на која беа доделени признанијата, беше и државниот секретар од Министерството за економија, г. Анче Трифуновски, кој потенцираше дека ова е одличен пример за поттикнување на општествената одговорност во редовите на бизнис-заедницата. Во своето пригодно обраќање, г. Мукаетов изрази огромна благодарност за доделеното признание. „Ова е исклучителна чест за мене, но и поттик да продолжиме понатаму со хуманата мисија - јас како индивидуа, но и моето семејство и компанијата која ја водам“, потенцираше г. Мукаетов. Признание „Бронзен поддржувач“ им беше доделено на компаниите: „Алфа Банка“, „Македонски Телеком“, „Пивара Скопје“ и „Сава осигурување“.  

Можеби ќе ве интересира

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Минт Кредит - Роденденска акција што носи подарок

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка

Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка