18 Декември, 2025
0.0683

Германиците ја тужат Украина за падот на MH17

Објавено во: Свет 21 Септември, 2014 14:12

Добивај вести на Viber

Семејствата на загинатите Германци во падот на малезискиот авион MH17 најавија дека ќе поднесат тужби против Украина и украинскиот претседател.

Адвокатот кој ги претставува семејствата на загинатите најаваи тужба за убиство од небрежност на 298 луѓе, односно на сите патници на соборениот авион над источна Украина.

Застапникот Еламр Гијемул истакнал дека по правилата на меѓународното право Украина би требало да го затвори воздушниот простор доколку не била сигурна дека може да пружи целосна безбедност.

„Секоја држава е одговорна за безбедноста на својот воздушен простор. Ако од било која причина не е во состојба да го направи тоа тогаш треба да ги забрани прелетувањата. Украина тоа не го направила и таа е виновна за настанатата штета“, истакнал Гијемул, пренесува Ројтерс.

Тој наведува дека Украина со одлуката да не го затвори својот воздушен простор прифатила животите на стотици лица да биде изложен на опасност и тоа го смета за повреда на човечките права.

Поднесувањето на тужбата е најавено за две недели пред Европскиот суд за човекови права, а меѓу барањата е отштета од милион евра по жртва.

Малезискиот авион се урна на 17 јули, а загинале 298 лица, од кои две третни се Холанѓани.

Истражителите заклучовите за причините на падот на авионот ги донеле врз основа на информации од црните кутии на авионот, фотографии и видео снимки на лице место како и информации добиени од украинските контроли на воздушниот сообраќај.

Меѓутоа, холандските истражувачи не беа во можност да го посетат местото на несреќата во регионот на Доњецк поради вооружените борби помеѓу проруските активисти и украинските сили, па се потпираа на информации на украински експерти на лице место.

Холандскиот одбор за безбедност ја координира истрагата за трагедијата почнувајќи од 23 јули врз основа на спогодбата со Киев, а групата на меѓународни истражувачи се состои од експерти од Австралија, Малезија, Холандија, САД, Русија и Украиан.

Конечниот извештај се очекува следната година.

Во меѓувреме една германска компанија за истрагата за измами во осигурувањето понудила награда од 30 милиони долари за информации за причините за падот на авионот.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“