05 Декември, 2025
0.0362

Германија и Франција бараат да не се менува европскиот земјоделски буџет

Објавено во: Агробизнис, Свет 11 Октомври, 2012 15:56

Добивај вести на Viber

Германија и Франција се договорија буџетот за земјоделство на Европската унија да остане на сегашното ниво. Вака се договориле двајцата министри за земјоделство на овие држави, Илзе Аигнар и Стефан Ле Фол. Германија е најголемиот придонесувач во европскиот буџет, додека Франција е најголемиот корисник на земјоделските субвенции во рамките на Заедничката земјоделска политика, која денес преставува околу 40 отсто од вкупниот буџет на унијата. Ваквата одлука доаѓа во вистински момент, бидејќи веќе следната недела европските министри ќе имаа состанок во Брисел на кој ќе се разговара за повеќегодишната финансиска рамка на унијата во перидот од 2014 до 2020 година. Министрите Аигнар и Ле Фол, изразија несогласување во врска со предлозите на некои европските членки, за намалување на средства од првиот столб, кои се однесуваат на поддршка на земјоделците преку директните плаќања, при тоа порачувајќи дека ќе се сложат единствено ако предлозите бидат разумни. Инаку Брисел предложи систем за намалување на разликите меѓу земјоделците, во однос на директните плаќања во Западна и Источна Европа. Бидејќи Франција добива најголем дел од средствата, нејзините фармери може да загубат до 7% од парите, според предлогот на Европската комисија.  

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

ИМА ДОБРИ ПРИНОСИ, А БАРА МАЛКУ ЃУБРИВО: Оваа култура станува популарна во Војводина

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?

Koj е најголемиот европски центар за производство на зеленчук?