16 Декември, 2025
0.0368

Германија воведува патарина за странци!

Објавено во: Свет 08 Јули, 2014 13:44

Добивај вести на Viber

Германија има намера од 2016 година да започне да им наплаќа патарина на странците за користење на германските автопати. Маркичките ќе можат да се купат преку интернет или на бензинските пумпи, а возачите на автомобили и мотори регистрирани надвор од Германија ќе плаќаат околу 10 евра за десетдневно возење низ Германија. Наплатата на патарините се воведува со цел да се соберат дополнителни средства за одржување на патната инфраструктура во земјата, изјави германскиот министер за сообраќај Александер Добринт. Тој објаснува дека оваа нова такса за странците е и прашање на праведност, бидејќи „не е фер Германците да плаќаат за возење по автопатите, а странците - не“. Германските државјани во моментов плаќаат патарина преку данокот за возилата. Ако помине законот што го предлага германската Влада, тие исто така ќе мора да имаат маркички за платена патарина, но нив ќе ги добиваат по пошта. Со нацрт-законот се предвидува возачите на автомобили и моторцикли регистрирани надвор од Германија за десетдневно возење по автопатите во оваа земја да плаќаат околу 10 евра, додека за маркичка со важност од два месеци ќе треба да издвојат 20 евра, а годишната ќе чини нешто повеќе од 100 евра. Точната цена на годишната маркичка ќе зависи и од кубикажата на моторот на возилото, староста и емисијата на штетни гасови. Соседните земји, вклучувајќи ги Австрија и Холандија, веќе негодуваат заради ваквиот план на Германија, за кој Добринт тврди дека ќе биде изгласан до крајот на годината. Според пресметките на германската Влада, приходите од патарина за четири години ќе достигнат 2,5 милијарди евра. Планот го поздравија возачите од јужните германски покраини, кои веќе подолго време се лути затоа што плаќаат високи патарини во соседството, пред се во Австрија и Швајцарија, додека странците низ Германија патуваат бесплатно. Од Европската унија веќе предупредија дека донесувањето на закон со кој само странците би плаќале за патарина би претставувало своевидна дискриминација. Се чини дека овој проблем германските власти се обиделе да го решат така што воведуваат маркички и за домашните возачи, кои ќе им стигнуваат на домашна адреса, но цената за нив нема да е иста како за странците.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“