ГЕРМАНИЈА ВРИЕ, НАЈМАЛКУ 200 СУПЕРМАРКЕТИ НЕМА ДА ПРИМАТ СТОКА: Земјоделците блокираат сè
Објавено во: Економија 08 Јануари, 2024
Само во
Бранденбург, повеќе од 100 влезови на автопатите беа блокирани од протестите на
фармерите денеска, соопшти полицијата. Според проценките на полицијата,
повеќето блокади ќе траат и вечерва. Досега се ангажирани околу 850 полицајци.
Мега учество на протестите на фармерите во Баден-Виртемберг
Министерството за внатрешни работи проценува дека околу 25.000 возила се вклучени во протестите на земјоделците во Баден-Виртемберг, што доведе до прекин на сообраќајот на бројни патишта низ земјата, од кои некои се значајни.
Германската влада најави дека нема да има промени во однос на постепеното укинување на земјоделските субвенции по што тие започна со блокади поради најавените кратења на германскиот буџет за земјоделците. Таа владина одлука, која беше донесена откако Уставниот суд и забрани на Федералната влада да се задолжува, создаде „дупка“ од 17 милијарди евра за бројни субвенции.
- Состојбата беше доволно тешка, а даноците за земјоделскиот дизел и возилата беа последната капка. Последниве години станавме само робови на бирократијата - изјави фармерот Роберт Илихман.
Поради блокадите на патиштата, во текот на утрешниот ден најмалку 200 супермаркети нема да бидат снабдени, дел од оние работници кои може да работат од дома, работат на тој начин, а училиштата ги правдаат отсуствата. Блокирана беше и фабриката на автомобилскиот гигант Фолксваген, заради што застана производството.
Од 7 јануари земјоделците протестираат против планираните (и сега делумно повлечени) кратења во земјоделскиот сектор и најавуваат „недела на денови на бес“ на улиците на најголемата европска економија.
ФОТО: EPA-EFE/Filip Singer* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.