16 Декември, 2025
0.0620

Германската разузнавачка агенција не била „инструмент на САД“

Објавено во: Свет 04 Мај, 2015 18:35

Добивај вести на Viber

Шефот на германското разузнавање ги отфрли обвинувањата на опозицијата дека разузнавачката агенција на Германија дејствува против националните интереси во соработката со американските колеги.

Пратениците од опозицијата побараа оставка на Герхард Шиндлер по информациите дека тој и помагал на американската Агенција за национална безбедност да прислушува европски компании и официјални лица.

Шиндлер истакнал дека агенцијата позната како „BND“, „не е инструмент на Агенцијата за национална безбедност“.

Во исто време, германската канцеларка Ангела Меркел ги уверуваше новинарите во Берлин дека Владата ќе обезбеди „сите детали“ за случајот пред парламентарна комисија која ќе ја истражува соработката со САД во областа на разузнавањето.

Меркел ги заштити активностите на „BND“.

Во првиот јавен коментар за случајот Меркел истакнала дека се уште верува дека не е прифатливо пријателски земји да се шпионираат, имајќи предвид за случајот во 2013 година. Пред две години излезе информација дека САД го прислушувале телефонот на германската канцеларка.

„Но, од друга страна разузнавачките агенции работат за јавната безбедност и германската влада ќе стори сé за да продолжат да ја вршат својата работа“, појаснила Меркел.

Можеби ќе ве интересира

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?