ГЕРМАНСКИ ГРАДОНАЧАЛНИК НАПРАВИ СКАНДАЛ: Не сакаше да прими 35 бегалци од Украина
Објавено во: Свет 17 Октомври, 2024
Градоначалник во Германија предизвика скандал oткако кажа дека не сака да прима украински бегалци.
Јирген Фундке е градоначалник на Бад Гризбах во Баварија. Тој тврди дека градот веќе ја исполнил квотата за бегалци и дека нема повеќе места во градинките, училиштата и во центрите за сместување.
Тој направи скандал одбивајќи да прими 35 бегалци од Украина, а откако од Канцеларијата за миграција му е наредено да дозволи лицата да се регистрираат во градот одговори со „јас не сум идиот“, објавија германските медиуми.
Германија досега прими 1,1 милион украински бегалци. Некои градови, меѓу кои и Минхен, се пожалија дека се преоптоварени со украински бегалци. Прашањето стана особено битно за сојузните покраини во Источна Германија кои граничат со Полска.
Во јуни, член на баварската Христијанско-социјална унија (ЦСУ) ги повика бегалците да се вратат во „безбедните обласи на западна Украина“ доколку не можат да најдат работа. Германското Министерство за надворешни работи одговори дека не постојат безбедни области во Украина.
Oткако почна руската инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, голем број украински бегалци се засолнија во Полска.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.