ГЕРМАНСКИ ВЕСНИК: Ќе му помогнат ли Албанците на Заев да го прогони Груевски?
Објавено во: Македонија 13 Јануари, 2017 11:21
„Франкфуртер алгемајне цајтунг“ денеска ја анализира постизборната состојба во Македонија и можните коалиции кои во иднина би ја предводеле владата. Клучното прашање гласи: Ќе помогнат ли Албанците да се урне Груевски?, пишува Дојче Веле.
Погледот кон Македонија повторно се врти поради проблемот со бегалците и фактот дека земјата важи за главна „порта“ за нивното движење кон западна и северна Европа. Од овој аспект, во текстот под наслов „Гнилата порта на балканската рута“, ФАЦ оценува дека по изборите од декември, битката за власт во земјата е возбудлива, набројувајќи ги притоа поделбата на пратеничките места меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, но и вмешувањето на албанскиот премиер Еди Рама во изработката на заедничката платформа на албанските политички партии во Македонија.
„Порано, Груевски и другите изборни победници се обидуваа своите помали албански партнери да ги свртат едни против други. Доколку една албанска партија не е послушна, ѝ се заканува создавање коалиција со некоја друга. Тоа веќе не е така едноставно. Имено, со одлучно посредување на премиерот на една соседна држава - Еди Рама од Албанија - три од четирите партии на македонските Албанци кои влегоа во парламентот потпишаа пакт. Во него се сместени седум барања кои мораат да бидат исполнети за една албанска партија да влезе во владата во Скопје“, пишува ФАЦ.
„Барањата се Албанците веќе да не бидат привилегирано малцинство, туку по сите прашања - рамноправна етничка група, нешто како Турците во Кипар. Албанскиот јазик треба да стане втор официјален јазик, не само таму каде што Албанците се мнозинство, туку низ цела Македонија.
(...)Македонската химна и знаме исто така треба да се сменат за да бидат прифатливи и за албанската заедница. На крај, треба да се признае и 'геноцид врз Албанците' во периодот меѓу 1912 и 1956 година.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




