30 Мај, 2024
0.0293

Германскиот министер за Европа даде поддршка за Димитров ВИДЕО

Објавено во: Македонија 05 Јули, 2020

Добивај вести на Viber

Германскиот државен министер за Европа Михаил Рот преку видео обраќање упати поддршка до Никола Димитров, носител на листата на СДСМ и Коалицијата „Можеме“ во изборната единица 1.

– Никола Димитров не е само успешен, тој е и мошне искусен министер за надворешни работи. Тој не е само посветен Европеец, туку е и близок и доверлив пријател. И се гордеам со тоа. Тој ги брани европските вредности во тешки времиња. Тој се повикува на надежта кај луѓето, а не на нивните стравови. Тој е одличен соговорник со прекрасна смисла за хумор. И секогаш можам да сметам на него. Затоа целосно ја поддржувам неговата кандидатура за Собранието на Северна Македонија – смета Рот.

Димитров, попладнево на својот фејсбук профил се заблагодари за поддршката што му ја упати германскиот колега, државниот министер за Европа, Михаил Рот.

„Една од основните мисии на надворешната политика е да создава пријателства. Колку повеќе пријатели имаме, толку сме поуспешни и посилни, толку побрзо одиме кон целта. Михаил Рот, државен министер за Европа на актуелниот претседавач со Европската унија Германија, ми е колега.
Уште поважно – Михаил ми е пријател. Благодарам драг пријателе на силната поддршка“, напиша Димитров.


Можеби ќе ве интересира

УБАВА ВЕСТ ПРИСТИГНА ОД НИНА АНГЕЛОВСКА: Екс министерката за финансии наскоро ќе стане мајка, на социјалните мрежи го покажа трудничкиот стомак

УБАВА ВЕСТ ПРИСТИГНА ОД НИНА АНГЕЛОВСКА: Екс министерката за финансии наскоро ќе стане мајка, на социјалните мрежи го покажа трудничкиот стомак

„ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ОД ДВАТА ОТСТО ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО ЛОГА ГО ТЕМЕЛИ ОВОЈ ЗАКЛУЧОК?“ ВМРО-ДПМНЕ го возвраќа ударот

„ВРЗ ОСНОВА НА КОИ ОД ДВАТА ОТСТО ДОВЕРБА ВО СУДСТВОТО ЛОГА ГО ТЕМЕЛИ ОВОЈ ЗАКЛУЧОК?“ ВМРО-ДПМНЕ го возвраќа ударот

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети најавува борба против мајоризацијата

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети најавува борба против мајоризацијата

KAЦАРСКА: Добив клоца во нога на плажа во Грција откако објавив пресуда за Груевски

KAЦАРСКА: Добив клоца во нога на плажа во Грција откако објавив пресуда за Груевски

ЛОГА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАЦАРСКА: Партијата да не се однесува како во изборна кампања

ЛОГА ЈА ОСУДИ ИЗЈАВАТА НА ВМРО-ДПМНЕ ЗА КАЦАРСКА: Партијата да не се однесува како во изборна кампања

МОМЧИЊА ОД НЕГОТИНСКО СИЛУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА И СНИМАЛЕ: Потоа ја уценувале со видео материјалот

МОМЧИЊА ОД НЕГОТИНСКО СИЛУВАЛЕ МАЛОЛЕТНИЧКА И СНИМАЛЕ: Потоа ја уценувале со видео материјалот

ПРЕСВРТ: Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиствата на Вања и Панче

ПРЕСВРТ: Велешанецот Боре Видевски негира вина дека бил инволвиран во грабнувањето и убиствата на Вања и Панче

АХВ: Водата од кумановски „Водовод“ е безбедна за пиење

АХВ: Водата од кумановски „Водовод“ е безбедна за пиење

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова

ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети треба да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова