ФАКТОР АНАЛИЗА: Најголеми приходи и добивки од рударство - Нефи Усеини и синот на Митко Чавков меѓу првите
Објавено во: Економија 28 Мај, 2024 07:45
Во Македонија освен од бакар, олово, цинк и мермер, добро се заработува и од каменоломите и од дробењето на градежен камен. Тоа го покажува анализата за најголемите остварени приходи и добивки остварени во рударството за 2023. Станува збор за компании чија основна дејност е да продадат суровина што ја експлоатираат во природата, без да ја произведуваат и да и додадат вредност..
Предничат „Боров Дол“ и „Бучим“, двата рудници за бакар од Радовиш, кои имаат заедничко раководство од Солвеј Инвестмент Груп , а на трето место е „Булмак“ за олово и цинк од Пробиштип, кој ги има рудниците Злетово и Тораниц.
На четвртото место е Мермерен комбинат Прилеп, акционерско друштво во грчка сопственост, инаку со најголема остварена добивка во рударскиот сектор во Македонија. Следува Машинокоп на Лазар Пончев, една од најуспешните компании од Кавадарци, кој првенствено нуди услуги за минирање.
На шестото место е Миса-МГ експорт-импорт Скопје, која експлоатира четири каменоломи во земјата и има асвалтна и бетонска база. Во сопственост е на Миланко и Сашко Дамески од Скопје. Има 44 вработени и раст на добивка од 95 отсто.
Рајана Инженеринг од Визбегово, за експлоатација на камен за градежништво и суров гипс, е на 7.место по остварен приход. Оваа компанија во претходните години остварува многу помали приходи и добивки, но затоа во 2023 доживува огромен скок. Станува збор за компанија на контроверзниот бизнисмен Дритон Шуки, со адреса на живеење во Бутел, за кого медиумите известуваа дека е донатор на ДУИ и дека бил уапсен наводно за купена и продадена украдена медицинска опрема од македонските болници. Треба да се каже дека Рајана Инженеринг гради и станбени комплекси и помали хотели. Со 9 работници има раст на приходите од 542 отсто.
Во Топ-10 се уште Мис-Комерц на Митко Кочоски, компанија која копа јаглен за потребите на АД ЕСМ, Нефи & А Инвест за експлоатација на чакал и песок е половина во сопственост на Нефи Усеини, поранешниот советник во Општина Охрид од редовите на ДУИ, како и Ин-Мак Бетон од Струмица за пронаоѓање на камен за бетон и асвалт. Оваа последната е половина во сопственост на Иван Чавков, синот на поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, инаку осуден за настаните на 27 април 2017, а другата половина е на извесен Неџати Баки. А.К.

Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




