Германскиот суд ги дозволи муслиманските шамии за учителките
Објавено во: Свет 13 Март, 2015 21:42
Германскиот Уставен суд ја поништи денес својата претходната одлука, со која се забрануваше на учителките да носат муслимански шамии во државните училишта.
Поводот за одлуката на судот беше студија со муслиманка која била одбиена на работа како професор поради тоа што носи шамија.
Уставниот суд, кој е со седиште во Карлсруе, истакнал дека законот донесен во 2003 година за забрана на носење на шамии во училиштата е спротивно со уставот.
Врховниот суд поништи исто така дел од образовниот закон на западната германска покраина Северна Рајна-Вестфалија, во која се нагласуваат христијанските вредности и традиции. Според него слични формулации се ставени во нееднаква положба за другите религии.
Голем број политичари ја поздравија одлуката, бидејќи таа дава верска слобода на сите граѓани во Германија. Според Здружението на германските наставници сепак тоа е „проблематично“, бидејќи го поткопува принципот за политичка и религиозна неутралност во училиштата и јавните установи. Медиумите предвидуваат дека оваа одлука ќе го предизвика антиисламското движење „PEGIDA“ за нови протести против муслиманите во Германија, бидејќи со тоа се тврди дека има закана од исламизацијата на Европа.
Можеби ќе ве интересира
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел




