23 Ноември, 2024
0.0264

ГЕРМАНСКИТЕ ФИРМИ НЕ СЕ ОТКАЖУВААТ ОД „РАБОТА ОД ДОМА“ - речиси три четвртини од компании сакаат да ја задржат

Објавено во: Економија 21 Август, 2024

Добивај вести на Viber

Речиси три четвртини од германските компании каде што е можна работа од дома сакаат да го задржат овој модел на работа, се вели во извештајот објавен денеска од Институтот за економски истражувања IFO во Минхен.

„Овие резултати го побиваат тврдењето дека се враќа трендот на работа во канцеларија“, коментира истражувачот на IFO, Жан-Виктор Алипур.

Како што е наведено, 74 отсто од германските компании сакаат да ја задржат можноста за работа од дома, 12 отсто планираат дополнително да ја регулираат со построги упатства, а само четири отсто целосно да ја укинат.

Истражувањето покажа дека 11 отсто од компаниите дури сакаат да ја поедностават регулативата за работа од дома и да ја направат пофлексибилна.

Работата од дома е генерално возможна во 79 отсто од компаниите во Германија, значително почесто во големите компании, 93 отсто, отколку во малите и средни компании, 75 отсто.

Ситуацијата значително варира во зависност од секторот, при што 82 отсто од давателите на услуги и 89 отсто од производствените компании нудат работа од дома наспроти само 40 отсто од градежните и трговските компании.

„Работата од дома е цврсто воспоставена во Германија. Ситуацијата нема да се врати во 2019 година“, смета Алипур, пренесува „Политико.рс“

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria