18 Декември, 2025
0.0371

Германските граѓани штедат помалку, но во споредба со другите земји, штедат многу повеќе

Објавено во: Економија 28 Октомври, 2025 17:10

Добивај вести на Viber

Германскиот федерален завод за статистика од Висбаден објави дека граѓаните на Германија штедат помалку оваа година, но многу повеќе во споредба со другите земји.

Во просек, Германците издвојуваат една десетина од своите приходи за штедење секој месец, но благодарение на начинот на кој инвестираат, штедачите во другите земји се многу поуспешни, објавува германскиот неделник „Шпигел“.

Во првата половина од 2025 година, стапката на штедење на приватните домаќинства во Германија била 10,3 проценти, односно на секои 100 евра расположлив доход, во просек се издвојувале 10,30 евра.

На месечна основа, ова е малку помалку од 270 евра по жител, според соопштението на Германскиот федерален завод за статистика.

На долг рок, моменталната стапка на штедење е сè уште приближно иста како просекот пресметан од 2000 година, а пресметките на Федералниот завод за статистика за 2024 година покажаа дека таканаречените бруто стапки на штедење од 20 проценти во Германија се далеку над просекот на ЕУ од 14,6 проценти.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје