Германските работодавци се против пензиската реформа, велат тоа е грев против идните генерации
Објавено во: Економија 26 Ноември, 2025 17:48
Германскиот канцелар Фридрих Мерц веќе се бори да ја одржи коалицијата на своите христијански демократи и социјалдемократи во спорот околу реформата на пензискиот систем, а притисокот од сите страни само расте.
Моќниот синдикат на германските работодавци (BDA) сега се придружи на барањето на група бунтовнички христијански демократски пратеници за измена на нацрт-законите за реформи, пишува ДПА.
Владата веќе го усвои нацрт-законот, но претседателот на БДА, Рајнер Дулгер, на конференцијата на работодавачите во Берлин во вторник изјави дека „владата може да ги промени своите одлуки“.
„Ако одлуките на владата се погрешни, тогаш парламентот мора да ги промени“, додаде Дулгер.
Владата одлучи да го поврзе растот на просечната пензија со растот на платите барем до 2031 година. Впрочем, ова беше ветено со коалицискиот договор што ја донесе владата на власт на почетокот на мај.
Сепак, група претежно млади членови на партијата на Мерц се побунија против тоа и го доведоа во прашање мнозинството потребно за донесување на законот во Бундестагот.
Дулгер го опиша предлогот на владата како „грев против идните генерации“.
Засега, Мерц и социјалдемократските партнери одбиваат да го повлечат предлогот за измени и инсистираат дека законот мора да помине во Бундестагот во декември, пренесува biznis.rs.
foto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





