16 Декември, 2025
0.0625

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2025 14:20

Добивај вести на Viber

Официјално е отворена новата шопинг дестинација на југот – Гевгелија Мол,која ги обединува шопингот, забавата и моментите за релаксација под еден покрив. Во саботата, на отворањето на кое присуствуваа стотици гости и партнери на Молот, како и љубопитни граѓани и шопингхоличари, беше збогатено со забава и изненадувања за сите генерации. Дедо Мраз ги развесели и ги анимираше најмладите, музичкиот дел беше резервиран за Лара Иванова и Trinity Band, а имаше и диџеј сетови и отворено студио на Радио Урбан ФМ кои го направија отворањето уште повесело и за паметење.

Молот, лоциран на еден километар од граничниот премин Богородица, на самиот автопат, се простира на 10.000 m² распоредени на три нивоа.

Во Молот се наоѓа најголемото „Jumbo“ во Македонија,Duty Free / Travel Free продавница, Amore Mio – Luxury Brands Outlet со повеќе од 25 светски луксузни брендови како Armani, Balmain, Balenciaga, Gucci, Burberry, Pinko, Boss, Dsquared2, Dolce & Gabbana, Givenchy, Versace, Valentino, Michael Kors, Off-White, Moschino, како и M Outlet,кои дополнително ќе ја збогата понудата на центарот.

Свој простор имаат и SOHO кафетерија, а љубителите на слатките задоволства ќе можат да уживаат и во Marfi macarons, како и во деликатесите на Vori од Гевгелија.

Покрај модните брендови, во Гевгелија Мол се наоѓаат и VERO, спортските брендови Champion, Diadora и FILA, The Book Shop – книжарница со богата понуда за сите генерации, аптека, менувачница со Tax-Free услуга, продавница за накит, како и игротека и забавен парк за најмладите.

Со отворањето, Гевгелија Мол се позиционира како нов центар за шопинг, забава и инспиративни моменти во регионот, комбинирајќи модерен амбиент, врвни брендови и динамична атмосфера за сите генерации.

„Нашиот тим работеше посветено на овој проект, меѓу другото, анализирајќи ги потребите, но и желбите на граѓаните, при што внимателно го осмислувавме секој детал – од изборот на брендови до услугите и просторната поставеност. Верувам дека нашиот труд за кусо време ќе резултира со бројни задоволни посетители и дека секој кој ќе го посети Молот ќе може да ужива во модерниот амбиент, динамичната атмосфера и пред сèразновидната понуда за шопинг“, изјави Мимоза Маркова, менаџер на „Гевгелија Мол“.

Гевгелија Мол ќе работи секој ден од 10 до 22 часот, односно до 20 часот во недела.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон

Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон