Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2025 14:57
Продолжува новогодишната магија во Дајмонд мол. Денес почнува Новогодишниот базар, кој ќе понуди голем избор на подароци и сувенири во празничен дух. Новогодишниот базар ќе трае до 28 декември, а во истиот период посетителите ќе можат да уживаат во виртуелно патување на Северниот пол и да пазаруваат во продавниците на Дедо Мраз.
Викендите до Нова година ќе бидат исполнети со атрактивни содржини за најмладите. Па така, на 20 декември ќе се одржи концертот со детски песни „Поточиња“, а на 21 декември ќе биде организирана креативна работилница на која децата ќе бојат и украсуваат новогодишни ѕвезди и снегулки и ќе се одржи филмски маратон посветен на доживувањата на омилените детски јунаци Биби и Боби.
Програмата за деца продолжува на 27 декември со креативна работилница за новогодишни украси од шишарки и памук, а истиот ден децата ќе можат да се дружат со Дедо Мраз од Заз. 28 декември е резервиран за уште една креативна работилница, овој пат за изработка на новогодишни елки од хартија, но и за големиот новогодишен концерт на Биби и Боби.
Дополнително, посетителите на Дајмонд мол, во текот на викендите ќе можат да направат новогодишни фотографии со магичното огледало, но и да ја искористат специјалната апликација за умните деца да го известат Дедо Мраз со порака и да добијат диплома од него.
Дајмонд мол ја започна новогодишната програма на 6 декември со понуда на разновидни содржини. Се одржаа неколку креативни работилници, како и работилница со популарниот лик од истоимената книга Исидора Мун, во соработка со издавачката куќа Литература. Беше организирано и големото шоу со Петко и фамилијата 5+, а се изработуваа и украси од чоколадо со познатиот лик Роки од Винчини.
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив
СЕТЕК РОДЕНДЕН во СИНО – блискост, радост и исполнети желби
Како да заштедите во сезоната на големи трошоци? Искористете ги бонус поените на Халкбанк
Gold Felicia Тетово – идеална дестинација за корпоративни празнични забави
ВИДЕОЛОТАРИЈА ЈА РЕАЛИЗИРАШЕ ТРАДИЦИОНАЛНАТА 25 КРВОДАРИТЕЛНА АКЦИЈА
Еден чекор ве дели од длабинска хидратација – откријте ја тајната на совршената кожа!
Штефан Павлињек во „бизнис-клуб плус“: „Вработувањето на младите по завршувањето на нивното образование е можност да се спречи нивното иселување“
Богати празници со „Лото 7“ - 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон




