ГИ СУМИРАА ПОДАТОЦИТЕ ЗА ПОЧИНАТИТЕ ДОМА: Индија пријави над 6.000 смртни случаи од корона
Објавено во: Свет, Корона Вирус 10 Јуни, 2021
Индија урна црн рекорд со бројот на починати. Денес земјата пријавила најголем дневен број на починати од коронавирусот во светот, односно 6.148 лица.
Источната индиска држава Бихар ги ревидирала своите податоци за бројот на починати дома или во приватните болници. Сега бројот на починати во таа држава скока на повеќе од 9.400 од околу 5.400, пренесува Ројтерс. Од почетокот на пандемијата, вкупно 29,2 милиони луѓе се заразени во Индија, а во последните 24 часа, бројот на новозаразени е зголемен за 94.052. Досега 359.676 индиски граѓани починаа од коронавирусот. Индискиот сој сега е закана и за Европа каде се прошири. Тој зема замав во Британија, но и Белгија.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.