01 Ноември, 2024
0.0349

Гигантот пристигна во Бугарија, се множат бензинските станици на Гаспром

Објавено во: Балкан 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Од автопатот Софија - Грција, започна реализацијата на амбициозниот план на Гаспром за отворање цел синџир бензински пумпи во Бугарија. Адресата на првиот објект со брендот Гаспром е четири километри по излезот на Благоеврад во насока Кулата на меѓународниот пат Е79. Со ова долгоочекуваниот влез на рускиот гигант на пазарот на горива во Бугарија и официјално стартуваше, а по се изгледа дека компанијата има сериозни планови или за почеток отворање на 40 нови објекти оваа година. Влегивањето на бугарскиот пазар се прави преку подружницата„Гаспром нафта" на српската "Нафтена индустрија Србија" (NIS). Бугарски партнер пак е компанијата „НИС Петрол". За оваа 2013 година плановите се раст на приходите во Бугарија на околу 400 милиони лева од продажба на големо и мало. Компанијата планира да продаде во малопродажба гориво за 129 милиони лева. За пазарот на големо плановите се уште поголеми - 278 милиони лева. Со ова компанијата ќе влезе на листата од 15-те најголеми компании на пазарот на горива во Бугарија . Но, сметаат аналитичарите, ова е само почеток, пренесува бугарскиот веб портал Капитал. Компанијата веќе има и голем акциза склад за горива во Костинброд и свои бензински пумпи, како и откупено земјиште за новите објекти. Кон крајот на 2015 година синџирот треба да располага со 80 бензински пумпи низ Бугарија. Со ова таа ќе стане конкурент на помалите од големите синџири како „Еко Бугарија" и „Ромпетрол Бугарија", а пред неа ќе бидат „Лукоил", „Петрол", „ОМВ“ и „Шел". Регионот денес Влегувањето во Бугарија беше очекувано  како дел од плановите на „Гаспром нафта" за влез во регионот. Пред година и половина тие ги добија првите објекти, но почетокот се одложување поради реновирањето на српската рафинерија во Панчево, сопственост на NIS. При купување на српската државна NIS „Гаспром нафта" си постави за цел да ги модернизира објектите, па со тоа да произведува повеќе гориво со ниска содржина на сулфур, кои ги исполнуваат европските Евро 5 стандарди. Бугарија сега е третата земја на Балканот, каде што компанијата отвора бензински пумпи под брендот Гаспром, по пуштањето во употреба на објектите во Србија и Романија. „На крајот на 2015 година синџирот бензински пумпи Гаспром ќе располага со над 250 објекти во регионот на Балканот, при што 80 од нив ќе бидат на територијата на Бугарија", се вели во соопшението на компанијата. „Планираме да продолжиме да го шириме нашето присуство во Србија, Романија и Бугарија. Уверен сум дека синџирот бензински пумпи Гаспром брзо ќе  стане лидер на балканскиот пазар", изјави заменик извршниот директор на „Газпром нафта" Анатолиј Чернер. Според најавите сите нови бензински пимпи ќе имаат продавница, ресторан и кафе зона. Клиентите ќе имаат можност да користат и дополнителни услуги како бесплатен безжичен интернет. Бензински пумпи се наоѓаат по должината на национални и меѓународни патишта и во големите градови, посочуваат од компанијата.

Можеби ќе ве интересира

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

СЕ УРНА ВЛЕЗНИОТ ДЕЛ НА ЖЕЛЕЗНИЧКАТА СТАНИЦА ВО НОВИ САД: Има голем број повредени!

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

ЕКСПЛОЗИЈА ВО СТАН ВО АТИНА: Едно лице загина, друго е повредено

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

(ФОТО) НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ ВО БЕЛГРАД: Нозете на една девојка пропаднаа низ подот на читалната

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

ЕКСПЕРТИТЕ ЗА СОЛАРНА ЕНЕРГИЈА ЌЕ БИДАТ МЕЃУ НАЈБАРАНИТЕ: На Балканот ќе бидат отворени повеќе од 27.000 работни места

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

МНОГУ ПОПУЛАРЕН САЛОН ЗА МЕБЕЛ ТРАЈНО Е ЗАТВОРЕН: Го презема компанија добро позната во Југоисточна Европа

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

РАМА Е ПРЕЗАДОВОЛЕН: Албанија е на прво место во Европа по раст на туризмот и втора во светот

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

БОРЕЛ ЗА СРБИЈА И НЕЈЗИНИТЕ ВРСКИ СО РУСИЈА: Мора да изберете едно или друго

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

(ВИДЕО) ВО ХАТАЈ: Турција изгради цел град за оние кои останаа без домови во земјотресот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот

ЗЕМЈОТРЕС: Се стресе северниот дел на Јадранот