Ѓорчев ќе има конкуренција, има уште еден пријавен на огласот на ВМРО-ДПМНЕ
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2019 11:00
Пратеникот Влатко Ѓорчев не е единствениот пријавен досега на огласот на ВМРО-ДПМНЕ како надидат да биде номиниран во трката за претседателските избори на пролет преку најголемата опозициска партија, објави Дојче Веле.
Извори во опозициската партијата велат дека пристигнала уште една пријава, но се работело за партиски член кој е непознат за пошироката јавност.
Останува да се види дали „анонимецот“ ќе треба да симулира конкуренција на Ѓорчев на партиската конвенција што ќе се одржи на 16 февруари и на кој ќе биде изгласан кандидатот што ќе добие поддршка од ВМРО-ДПМНЕ на пролетните избори или до тогаш ќе пристигнат и други пријави.
Рокот за пријавување кандидатури за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ истекува на 31-ви јануари.
Извори на Дојче Веле коментираат дека лидерот Христијан Мицкоски има големо влијание кај делегатите и дека практично тој ќе го одбере кандидатот.
Ѓорчев вчера јавно ја објави кандидатирата.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




