Ѓорчев: Убедливо поразениот Заев сака да стане победник
Објавено во: Македонија 13 Декември, 2016 16:14
Откако опозицијата одржа прес, после еден час, со реакција на пресот на Зоран Заев се јави ВМРО-ДПМНЕ.
Влатко Ѓорче рече дека Заев сака да им ја украде победата на граѓаните и дека сака нивните гласови да ги помножи со нула.
„Убедливо поразениот Заев сака да стане победник. Народот одлучи, народот гласаше. Нема да му дозволиме да им ја украде победата на граѓаните на РМ“, рече Ѓорчев.
Тој потенцираше дека имаат јасна и кристално чиста победа во мандати, број на општини, 50:10, имаат јасна победа во шест од седум изборни единици.
Ѓорчев исто така рече дека ВМРО-ДПМНЕ има победа во број на гласови и тоа веруфикувани.
„Заев во изминативе години доби се што бараше и доби услови кои што никој во светот, не ги добил, и граѓаните одлучија да го поразат, да ја поразат неговата политика и дека граѓаните одлучиле да ја задржат унитарноста“, рече уште Ѓорчев .
За тоа кој ќе ја составува новата Влада, не одлучува Зоран Заев туку граѓаните, рече уште пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ дополнувајќи дека оваа изборна победа на партијата на Никола Груевски ја верификувале меѓународните инстутуции и САД.
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки
Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица
СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината




