26 Јуни, 2024
0.0312

Ѓорге Хаџи Анѓелковски: Како ќе го препознаете потенцијалниот млад убиец, eве јас ќе ви кажам

Објавено во: Македонија 07 Мај, 2023

Добивај вести на Viber

Нашиот реномиран психијатар Ѓорге Хаџи Анѓелковски објави статус на Фејсбук по грозоморните убиства на 8 деца и еден чувар во училиште во Белград.

„Гледам ги мобилизираат психолозите, психијатрите, педагозите, социолозите да создадат програми и да го објаснат малиот убиец… Овие јадници треба да го откријат и упатат на потенцијалниот убиец, да најдат начини како тоа да се спречи и превенира, а државата и општеството преку нив сака да си ги измие рацете. Како ќе го препознаете потенцијалниот млад убиец: Еве јас ќе ви кажам – седи фрлен во последната клупа, физички заостанува или е дебел, потсмев е во класот, на него се превземаат сите можни начини на физичко и психолошко врсничко насилие откако е означен и пикиран од страна на професорите и е прогласен за маловреден. Малку од нив ќе се борат за место во врсничката група, ќе трпат навреди и насилство, само да се меѓу другарчињата, други ќе се изолираат, ќе избегнуваат секаков контакт, особено со девојчињата. Гневот и бесот ќе се кумулира во нив, поттикнат секако од некој вид семејно насилство, кога се сведоци на понижување и млатење на мајката; или едноставно родителот е отсутен, односно се однесува отфрлувачки и потценувачки. Бесот и јароста мора да се разрешат, една помала провокација и тие ќе се распрснат во некој чин на бизарно самубиство, (што е најчест случај кај нас) или ако имаат пристап до оружје ќе убиваат со претходен список на мачителите, убивајќи воглавно дома ( исто така чест случај ) или во својата средина каде се понижувани и измачувани, за што за среќа немаме се уште пример кај нас. Во секој клас во Македонија има по едно вакво дете или младинец, потенцијална бомба што ќе експлодира по навидум минимален стресор – што ќе правите со нив, ќе ги пикате по лудници, затворате, етикетирате на челото, ќе ги изолирате, за да го заштитите општеството. Тие и понатаму ќе страдаат во животот, анксиозни и депресивни ќе живееат на маргините, но оние кои ќе имаат капацитети да го надминат заканувачкиот период и кризата на адолесценцијата ќе станат вонредни луѓе, отпорни на стрес, водачи во општеството“, пишува психијатарот. 

Тој советува што може да се направи за да се спречат немили настани какви што имавме во соседна Србија. 

„Што може да се стори : наставникот/ професорот да биде пољубезен кон нив, да се сврти кон задната клупа на која се осудени и малку да ја занемари предната клупа каде се амбициозните и пробивни деца, да детектира и спречи секаков вид на насилство кон нив, не само во училницата туку во дворот каде насилието е најчесто, да ја скроти во себе таа агресивна потреба да ги исфрли од класот зошто не одговараат на неговиот замислен просек. Да можам би ги забранил канцелариите каде се пикнати психологот и педагогот, каде поединечно работат со проблематичните и гласни деца ( тие никогаш не убиваат ), за да се организираат во групи каде владеаат хоризонтални односи, се промовира еднаквост, се демфира различноста, каде во една позитивна атмосфера вербално ќе се изразува внатре психолошкиот свет на детето. Социјалниот работник скриен по институциите исто така да се истера од канцелариите и да се занимава со средиштето на агресијата – домот на насилникот и жртвата. Интернетот како најголема придобивка на новото време да го оставиме на родителот, кој ако ништо друго во секое време може да го извлече кабелот и да го прекрати неговиот негативен ефект, да не дозволи тие инфлуенсерски ѓубриња да внесуваат немир и збунка кај детето околу основните човекови вредности – односно дека е можно да имаш леб без мотика, без труд богатство. Сето ова беше вовед во најважното: достапност до оружјето. Колку е оружјето подостапно, толку се шансите за овој тип на насилство поголеми“, пишува психијатарот. 

Вели дека докторот пиштолџија, таткото на малиот Коста имал арсенал и муниција за цел полициски вод – што ќе му се, сигурно во својот нарцистично параноичен ум, водел фиктивна војна со светот, а оружјето го набавувал преку пациенти кои му возвраќале услуги да ги слика преку ред. 

„За десет години тој ќе излезе од затвор, но малиот Коста од лудница никогаш ! Значи ригорозноста во доделувањето и контролата на поседувањето на оружјето е најбитната превенција од масовните убиства, зад што мора да стои државата со својот апарат – да се спроведат строги правила, услови и критериуми, за да пред се ве откаже од таа глупава намера да како цивилно лице поседувате оружје, зад која стои длабока психопатолошка потка на една фрустрирана личност. Нормално се поставува прашањето како и во се друго, дали државата е спремна да се соочи со ова ризично однесување и да постави строги правила на игра. За жал кај нас се уште владее принципот ,, Овој е наш, дај му пиштол,, така да само е случајност како не ни се случил синдромот на Коста. Законите за недозволено поседување се строги, но ретко се применуваат“, вели тој. 

За три дена во Србија имаше два масакри. Во првиот Коста Кецмановиќ уби 9 лица, а во вториот Урош Б. уби 8 луѓе. 

фото Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ЗАТРУПАН РЕГИОНАЛЕН ПАТ, ОШТЕТЕНИ АПАРАТИ ВО ДОМОВИТЕ: бројни штети во Свети Николе и Неготино, екипите веднаш реагираа

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ФАКТОР ДОЗНАВА ЗОШТО НЕ ФУНКЦИОНИРА ЕДИНСТВЕНИОТ АКВА ПАРК ВО СКОПЈЕ: Не е профитабилен и има многу нелогичности кои не го оправдуваат неговото постоење

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

ЗМИИТЕ СЕ РАЗДВИЖИЈА ВО ПРИРОДА: Граѓаните со репеленти се штитат од „несаканите гости“

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

И ПО 10 ГОДИНИ ПРОЧИСТИТЕЛНАТА СТАНИЦА ВО СКОПЈЕ НЕ МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ: ревизорите со низа забелешки за овој проект

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Taравари најави вработувања во здравството, а разрешени се и директори на скопските клиники

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ЗГОЛЕМЕНА ФРЕКВЕНЦИЈА НА ВОЗИЛА: Колку се чека на Табановце?

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

ПИСОНЕРО: Жалам за неупoтребата на уставното име од страна на дел од лидерите на Северна Македонија

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

КУРТИ ДО МИЦКОСКИ: Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно

(ВИДЕО) ЈОВАН ДЕСПОТОВСКИ ЗАВРШИ ВО БОЛНИЦА: Нема да ве разочарам, продолжуваме понатаму заедно