Ѓорѓиев: Останува воведената мерка за заштита на домашниот пазар и домашното производство
Објавено во: Економија 09 Август, 2013 14:34
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев денеска изјави дека воведената мерка за заштита на домашниот пазар и домашното производство е донесена врз основа на норми од домашното и меѓународното право, а базира на соодветна квалитативна аргументација со која се запознаени сите страни.
„Во овој период од кога мерката е воведена, Владата и сите државни институции се фокусирани на надминување на предизвикот што постоеше на пазарот со пченица за да се стекнат услови мерката да биде повлечена. Во овој момент мерката е се уште актуелна, а ние сме фокусирани на подобрување на пазарниот инструментариум“, нагласи Ѓорѓиев.
Тој апелираше сите субјекти, домашни и од странство, да покажат конструктивен однос зашто пазарот, рече, е материја што битно зависи од психолошките перцепции, изјави, насоки или определени видови постапки.
„Фокусирани сме, работата оди добро и веќе над 70 проценти од домашното производство на пченица е дистрибуирано меѓу откупувачите. Се трудиме тој процес да биде забрзан и во соодветен период да можат да бидат отстранети условите поради кои беше воведена заштитната мерка.
„Повеќе пати имаме разговарано со сите засегнати страни, кој и да побарал, сме дале информација базирана на аргументи. Очекуваме предизвикот да биде надминат во догледен период“, потенцираше портпаролот на Владата Ѓорѓиев.
Имено, од српското Министерство за трговија предупредија дека доколку во следните десет дена македонските власти не ја укинат одлуката за ограничување на увозот на пченица и брашно, Србија ќе воведе контра мерки за Македонија.
Бојана Тодоровиќ, заменик министер за внатрешна и надворешна трговија на Србија појасни дека мерките ќе се однесуваат на македонскиот извоз на сезонско овошје, зеленчук и вино.
Можеби ќе ве интересира
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија
ВАЛУТАТА ПОТОНА: Се тргуваат 1,3 милиони риали за еден американски долар
Најскапиот град во светот за излегување е во Азија
Сијарто: Унгарија потпиша договор со САД за снабдување со течен природен гас




