18 Декември, 2025
0.1202

Толпата на „крвавиот четврток“ го барала и Вељаноски

Објавено во: Македонија 29 Ноември, 2018 12:53

Добивај вести на Viber

 Со исказ пред судот на обвинетиот Горан Ѓошевски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за случувањата во Собранието на 27 април минатата година. Ѓошевски на 27 април работел како началник на личното обезбедување на претседателот на Собранието и на таа функција бил се до 15 ноември лани кога бил сменет.

Во сведочењето, Ѓошески појасни дека на 27 април дошол на работа во Собранието околу 08:45 часот и околу 15 часот одржал состанок со тимот по што имал состанок и со претседателот на собраниското обезбедување Александар Јанковиќ, а потоа заминал дома, пренесува МИА.

Сведочеше дека телефонски го информирале дека во собраниската сала се пеат химни и има тензии и оти околу 18:40 часот се вратил во Собранието.

– Вељаноски ме повика во неговиот кабинет и ми кажа да го организирам обезбедувањето на неговиот кабинет зашто во пленарната сала се врши избор на претседател на Собранието и дека пратениците од СДСМ ќе се обидат насилно да го исфрлат од кабинетот, рече Ѓошески. Побарал повеќе луѓе од претседателот на собраниското обезбедување, но тој му рекол дека нема и дека единствено располага со редовна смена и дека ги известил во Оперативниот штаб и побарал помош.

Ѓошески сведочеше дека кога се симнал доле, во холот пред главната врата ги видел  Владимир Стојков и Крсто Мукоски, како држат безбедносна греда од вратата. Им рекол да ја остават гредата, по што тие ја оставиле гредата и тој заминал. Го сретнал Абдулфета Аљими кого го прашал за клучеви и тогаш слушнал тресок и видел дека десната врата од Парламентот е отворена. Му ги дал клучевите на Аљими и му рекол да оди горе пред Кабинетот. Се вратил кај Вљаноски кој му рекол да остане пред кабинетот.

Според неговото сведочење, луѓето кои влегле во Собранието го нарекувале Вељаноски предавник и прашувале каде се наоѓа. Рече дека 90 проценти од обвинетите ги запознал на рочиштата и по видување.

На вкрстено прашање од обвинетиот Александар Василевски Нинџа, дали е точно дека примил смс порака од Вељановски оти доаѓаат на помош маскирани лица во Собранието, обвинетиот Ѓошевски рече дека такви смс пораки не постоеле. Прашан зошто како полицаец не ги легитимирал лицата со фантомки во Собранието, Ѓошевски рече дека во насоките на полицајците јасно стои дека не може да постапат по своите овластувања доколку со тоа го загрозуваат сопствениот живот. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот