Гласна бучава предизвика паника во Белата куќа
Објавено во: Свет 07 Март, 2015 19:13
Гласна бучава, која доаѓала од еден тревник во Белата куќа, каде што претседателот Барак Обама и неговото семејство се подготвувале да полетаат со хеликоптер, предизвикала паника во Белата Куќа.
Инцидентот ги натерало вработените на обезбедувањето да ги внесат новинарите во салата за брифинзи и да ги заклучат вратите, пренесоа агенциите, повикувајќи се на соопштение на Белата куќа.
Обама и неговото семејство се уште не биле пристигнати до јужниот тревник.
Потоа се покажало дека тревогата во Белата куќа била предизвикана од пожар кој избил во количката на еден продавач на храна, неколку метри од резиденцијата на американскиот претседател, соопшти претставник на обезбедувањето, пресуваатод Ројтерс и ТАСС.
„Количката се запалила околку 10.00 часот. Пожарникарите веќе почнале да го гаснат пожарот“, изјави Брајан Фунти за новинарите. Тој додал дека службеници од обезбедувањето претресуваат автомобил паркиран во близина на Белата куќа.
„Куче деминер реагирало на возилото кое било во близина на резиденцијата на претседателот. Вработените од обезбедувањето ја претресле колата“, изјавил тој, без да прецизира дали постои врска помеѓу двата инциденти.
Можеби ќе ве интересира
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела
Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва
Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина
Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел
Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки




