19 Декември, 2025
0.0611

„Главниот проблем беше инфекцијата“: Таравари со детали за Карадаковски кој почина во Литванија

Објавено во: Македонија 04 Април, 2025 11:28

Добивај вести на Viber

Александар Карадаковски имал изгореници на 40 отсто од неговото тело, а од почетоков на месецов му откажале бубрезите и бил ставен на дијализа. Ова го кажа денеска министерот за здравство Арбен Таравари, кој потврди дека еден од повредените во страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани починал. 

Таравари укажа дека Карадаковски, кој беше на лекување во Литванија, имал 40 отсто изгореници, а на 1 април му откажале бубрезите. 

Министерот појасни дека Карадаковски е меѓу четворицата пациенти кои беа во критична состојба. 

- Од 1 април му откажа работата на бубрезите, практично беше ставен на дијализа. За жал, утрово ја добив лошата информација дека тој починал. Да се надеваме дека на другите критични пациенти ќе им се подобри состојбата. Пациентот што почина, 40 отсто од телото му беше со изгореници. На крајот, главниот проблем беше инфекцијата која што ја доби поради огромна површина на рани кои ги имаше на телото. Да се надеваме дека другите критични ќе поминат подобро и ќе ни се вратат во државата - рече Таравари.

Воедно министерот  посочи дека има уште тројца пациенти во критична состојба кои се наоѓаат на лекување надвор од државата, а 15 пациенти се интубирани.

- Пациентот кој почина утрово, беше најтешкиот од четирите критични пациенти. Да се надеваме дека на останатите тројца ќе се подобри состојбата, иако може да има флуктуација на здравствената состојба и на потешки пациенти кои се надвор од државата. Меѓутоа, не се повеќе од 15 пациенти интубирани, другите се екстубирани и тоа е добра прогноза. Меѓутоа, да причекаме додека да се вратат сите во државата - рече Таравари.

Министерот соопшти дека денеска се очекува да се вратат во државата уште тројца пациенти кои се лекуваат надвор од државата.

Извори од МНР информираат дека е започната процедурата за враќање на телото на пациентот. 

Ова е 60-тата жртва од пожарот во дискотеката во Кочани што се случи рано изутрина на 16 март.

Александар Карадаковски, кој бил управител и шанкер во дискотеката „Пулс“ во Кочани беше на лекување во Литванија. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот