Гледајќи го сопствениот крај
Објавено во: Македонија, Колумни 19 Декември, 2016 08:53
Кариерите на политичарите од највисок ранг завршуваат различно. Некои се успешни, помалку успешни, а некои завршуваат со дебакл. Сме виделе политичари кои при крајот на политичките кариери од позиција на опозиција шетаат по улици со своите политички приврзаници спротивставувајќи им се на неправдите што ги врши врхушката на власт. Дел од нив му се спротиставија и лично на Груевски, но неуспеаја да го убедат дека во начинот на практицирање на власта има сериозни аномалии. И си се повлекоа. Лидерот тогаш беше од другата страна, во топлиот кабинет, од каде посматраше до кога може да издржи политичкиот опонент, знаејќи дека бедемот на авторитарната власт нема да попушти.
Не помина долго време и еве ти го Груевски на улица. Целиот изѕемнат, избезумен, со црвен нос и пусулче во рацете, држи говор качен на „жардиниера“. Но, не за промени кон подобро, туку за задржување на власта, со која во изминатата декада ја урниса државата, со цел да ја избегне одговорноста за сите нерегуларности во нејзиното практикување. Груевски ја разбра пораката од изборниот резултат, но не може да се соочи со нејзините последици. Исплашен од нив, презема чекори со кои неговата политичка кариера ќе заврши со дебакл. А тоа најчесто се случува кога личните интереси имаат предност над општествените.
Тоа што Груевски таа вечер пред ДИК читаше од пусулчето не е било што, туку Прогласот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за заштита на демократијата во Република Македонија. За која демократија зборуваат? Очигледно е дека бунилото од изборните резултати не им поминало. Кои демократски односи ќе ги штитат? Превидуваат дека со недемократски, некаконски постапки и однесувања на врхушката на власт досега ја урнисаа државата. Ги заробија нејзините органи и институции, а економијата во земјата ја доведоа до колапс.
А само до 11 декември овој човек важеше за неприкосновен властодржец. Тој до тогаш беше семоќен не затоа што имаше еден пратеник повеќе, тој имаше 27 пратеници повеќе. Со таквата моќ лидерот ги плашеше и странците и сите оние кои ќе се обидeа да му се спротистават.
Веќе, далеку од здравиот разум е да се верува дека тој е во позиција да извади „позитивен резултат“ со еден или два пратеника. За тоа се свесни и неговите марионети кои изминатите денови од истата „жардиниера“, во бес, немоќ и излудени од вистината „одлепуваа“. Јас таквите нивни изјави не им ги земам за зло. Тоа го кажаа во афект. Тоа е вонредна психичка состојба во која се наоѓа човек после силен стрес. А посилен од овој стрес, од стресот да ја изгубат власта, здравје. Да изгубиш народ позади себе, а да викаш дека си победник со само еден пратеник повеќе, тоа навистина боли. Боли затоа што дури сега станува повеќе од јасно каков ќе биде развојот на настаните и расплетот на клопчето.
Уште повеќе боли што мора да ја протежира тезата дека ако ДПМНЕ не направи влада со некоја од албанските партии тоа ќе биде против вољата на народот. И не само да ја протежира, тој мора да глуми дека верува во оваа теза. Како небаре од господ да им е наметната обврската тие да мора да состават влада. Ниту е прв ниту ќе биде последен кога партијата која победила на изборите (ако победила) не формирала влада. Веројатно не мисли дека само тој може да формира влада.
Во паника е ! Повеќе е јасно дека не е неограничен владетел. Од 11 декември кога ја изгуби доминантната предност во пратеници во однос на најголемата опозициона партија, маневарскииот простор за политичко делување и тоа како му е ускратен. Сега, исто толкава бројка на народ стои и позади некој друг. Значи, прикаските дека Никола Груевски е неприкосновен, повеќе не се во игра. Ваквите сознанија се немилосрдни и ја разоруваат подсвеста на лидерот.
После изборите се’ е поинаку. Народот избра сериозни промени и нов концепт на менаџирање на политиките што немаат ништо заедничко со досегашниот. Неправдите кои се направени кон народот како резултат на партизирањето на државата, украдените пари, дисфункционалните институции, загрозената иднина, досегашната власт ниту може ниту има капацитет да ги исправи. Затоа ќе има промени. И Груевски тоа го разбра, но разбра и дека враќање нема. Веќе е доцна.
Впрочем, и лидерот веќе го гледа сопствениот крај. Сега само бара повод кого да оптужи за загубата на власта и евентуално да ја продолжи кризата, за да го одложи соочувањето со правдата. Стрелите ги фрли кон опозицијата и странскиот фактор кои наводно сакаат „со постизборен инженеринг и фалсифукување на изборната волја на граѓаните“ да му ја одземат победата.
Очигледно е дека Груевски вербално предупредува на „опасноста“ од прегласување, а во суштина посакува тоа да се случи за да има кого да оптужи. Се гледа дека сака да ја симне одговорноста за загубата на изборите, да продолжи со манипулациите дека му ја одзеле победата и да ја заостри поделбата на граѓаните во земјата. За таа намена одбра и точки на судири. Нема да дозволел Заев да формира влада со фалсификувана волја на граѓаните! А не објаснува што да се прави доколку тој не може да формира влада? Нема да дозволи функционирање на институции со фалсификувана волја на граѓаните и кои го немаат легитимитетот на граѓаните на РМ. А зошто би го немале легитимитетот ако опозиционерите, а не тој, обезбедат парламентарно мнозинство и формираат влада?
Практично, изборниот резултат и нервозните постапки на лидерот и раководството на најголемата владејачка партија ја покажуваат слабоста на Груевски, но и опасноста од секојдневните провокации со намера да се предизвикаат тензии и да се одлага валоризирањето на неодамнешните избори. Тоа не треба да се дозволи. Опозиционите сили немаат причини да се бзаат и да наседнуваат на провокациите. Имаат доволно заеднички цели за да го отпочнат враќањето на демократскиот пат во развојот на земјата. За почеток и тоа е доволно.
Д-р Крсте Шајноски
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
СДСМ ја објави резолуцијата за мигрантите, eве што содржи
Зимзоленд под лупа на институциите: Што се утврди и какви мерки ќе следат за забавниот парк во Скопје?
Семејството на загинатата сопатничка во сообраќајката во Илинден бара одземање на пратеничкиот имунитет на Јанчев од Левица
Ќура: Изјавата на Мицкоски не ни ги наруши односите
Драган од Штип ја продолжува пчеларската традиција на прадедо му – наследство старо четири генерации што и денес создава природен мед
„Филипче, како министер во Владата на Заев, работел на отворање на мигрантски камп во Бардовци“: Лефков од ВМРО - ДПМНЕ со реакција
Обвинителството бара продолжување на мерката притвор за таткото и една од ќерките-краварки во Крива Паланка
Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
„Скопје мора да биде достоинствен, уреден и убав град“: Орце се пофали со чистењето на центарот, еве што се правеше




