19 Декември, 2025
0.0589

„ГЛИГОРОВ УСПЕА СЕРИОЗНО ДА ГИ ЗАЛАДИ ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА, ГЕОРГИЕВСКИ НАПРАВИ ПРОБИВ“: Дескоски - „Бугарија не може да добие повеќе“

Објавено во: Македонија 11 Јули, 2025 07:30

Добивај вести на Viber

Професорот Тони Дескоски смета дека Бугарија не може да добие повеќе од тоа што до сега го добила.
НАМ ТОЛКУ НИ ТРЕБА, А БУГАРИЈА НЕ МОЖЕ ПОВЕЌЕ!

Дипломатијата е дејност во сурови услови, кои понекогаш се манифестираат во војни и оружени судири.

Потребна е мудрост и вештина да се спои неспоивото. Затоа понекогаш формулациите се завиткани и не до крај разбирливи.

За жал, таква мудрост и вештина отсуствуваа кај Претседателот Киро Глигоров кој успеа сериозно да ги залади односите со Бугарија, кога одби да склучува билатерални договори со компромисната формулација за јазиците на кои е составен договорот.

Со големо визионерство, Љубчо Георгиевски направи пробив со прифаќањето на компромисната формулација во која Бугарија во завиткана форма го признава постоењето на Македонскиот јазик, иако официјално го негира неговото постоење.

И Договорот за пријателство од 2017 година ја задржа истата формулација за јазиците на кои е составен договорот. Тоа е она што дипломатијата може да го испорача.

Во ЕУ Бугарија може да праќа декларации и ноти во кои ќе ја искаже својата официјална позиција за македонскиот јазик. Но, не може да ја спречи употребата и именувањето на нашиот јазик како македонски. А јазикот ќе ни се именува таму кај што мора, а во сите други прилики нема ни да се спомнува.

“Нама толико треба, а Французи нису могли више” гласеше коментарот на легендарниот спортски коментатор Драган Никитовиќ по едно реми на Југославија против Франција во квалификациите за светското првенство 1990 (мислам дека беше на гости во Париз). Вистина е, Југославија имаше подобар тим кој можеше да победи, ама целта беше да се освои бод, а не да се надигра Франција.

За наша голема среќа, за именувањето на македонскиот јазик НЕМА да се преговара во текот на преговорите за членство во ЕУ. Што ние ќе декларираме, тоа се запишува.

Нам толку ни треба, а Бугарија не може да добие повеќе“, напиша тој.



Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните