„Гмаил“ побогат за една опција: Вратете ја погрешно испратената порака со еден клик!
Објавено во: Мои пари 15 Декември, 2014 20:11
По грешка испратената е-порака може да ви предизвика бројни непријатности. Иако за оваа опција се расправеше подолго време, сега на ред доаѓа и нејзината реализација во реалноста.
Најновата функција која „Гугл“ наскоро ќе ја реализира во својата „Инбокс“ апликација е многу интересна и на многумина ќе им биде од корист. Имено, (погрешно) испратената порака наскоро ќе можете да ја повлечете пред таа да биде прочитана.
Во ноември ББМ претстави слична опција каква во своите редови сега планира да воведе и „Гугл“ во „Инбокс“ сервисот.
Во текот на „Reddit Q&A“ сесијата тимот на „Инбокс“ открил дека корисниците ќе имаат можност да се предомислат околу праќањето на своите е-маилови. Слична опција веќе постои, но само во „Гугл Маил Лабс“ каналот каде на корисникот му е овозможено да ја повлече пратената порака само 10 секунди после праќањето. Деталите на новата опција „Гугл“ се' уште не ги открива, но веста е примена со голема радост.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




