26 Ноември, 2024
0.0278

ГНЕВ, ШОК, НЕВЕРУВАЊЕ - вријат социјалните мрежи за условната пресуда за сообраќајката кај Млечен пред две години

Објавено во: Македонија 05 Септември, 2020

Добивај вести на Viber

Откако со гнев и разочарување реагираше сопругата, се јави и таткото на починатиот млад човек, кој загина пред две години на мотор кај Млечен ресторан, откако во него удри џип „ситроен“.

Токму за оваа сообраќајна несреќа која се случи пред две години, вчера на возачот со џипот му беше изречена само условна казна, во времетраење од две години. Што значи дека тој практично ќе си биде на слобода, што единствено му е загрозено само ако во следните две години го повтори делото.

Нема сомнение дека оваа пресуда е многу нејасна и повторно ги разгорува дилемите за тоа како ја дели правдата нашето судство. За потсетување, пред две години Васил Ч. од Тетово на улицата „Теодосиј Гологанов“ кај Млечен ресторан во Скопје поминал преку две линии со својот џип „ситроен“ и удрил во мотор. Во оваа тешка сообраќајка загинал возачот, а неговата сопруга која гтогаш била бремена, го загуби детото. Токму за ова дело, судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ од скопскиот Кривичен суд пресуди двегодишна условна казна, наведувајќи го како главна олеснителна околност фактот што обвинетиот ја признал вината.  

Вчера за оваа пресуда прва реагираше сопругата на починатиот 32 годишен човек, Наташа Апостолоска.

„Денеска, во името на граѓаните на РСМ, судијата Елена Илиевска-Јосифовиќ при ОС Скопје 1, му изрече условна осуда на оној кој ми го одзеде сопругот на 32 години, бебето и мене ме остави со тешки телесни повреди! Само затоа што признал! Дно дна!“, напиша Апостоловска.

А подоцна во јавноста со свој потресен став и реакција излезе и таткото на починатиот. 

„Пријатели. Сакам да ве известам дека денес се донесе пресуда за смртта на мојот син кој загина пред две години во сообраќајка. Неговата сопруга бремена го изгуби плодот и се здоби со тешки телесни повреди. Пред да ја каже судијката пресудата ме известија дека каква и да биде пресудата да останеме смирени, бидејќи може да бидеме казнети. Судијката со многу очај кажа дека ѝ било многу тешко да ја донесе оваа пресуда. На сите отежителни и олеснителни околности, пресудата гласеше не е виновен и ќе биде две години условно осуден. Ние ќе бидеме казнети ако негодуваме, а тој што одзеде животи и уништи животи на фамилии си е слободен? Тоа е нашето судство, обвинителство и цел синџир на судски заврзлами. Сега нека пресуди народот кое судство и која правна држава имаме“, напиша таткото на починатиот.

Како што известуваат медиумите, првото рочиште за предметот се одржало завчера, при што обвинетиот ја признал вината. Од Обвинителството најавиле дека ќе одлучат какви мерки ќе преземат кога вчера изречената усна пресуда, ќе им биде дадена и написмено.  

Овој бизарен случај повторно ги става сите прашалници врз судството и врз тоа дали има „заштитени мечки“, и покрај тоа што власт се колне дека ќе го реформира. 

Фактор се обиде да пронајде профил на социјалните мрежи на судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ, со цел да видиме дали можеби и таа споделила некакво свое видување за настанот. Но, таков профил не постои. 

А токму социјалните мрежи вријат по чудната пресуда. Бројни граѓани изразуваат големо незадоволство, токму коментирајќи дека го бараат нејзиниот профил со цел да и кажат погрдни зборови.

Во наредните денови се очекува реакција од судските власти за овој случај.

Н.Н.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

БУЈАР ОСМАНИ ТРЕНИРА РОБОТСКА ХИРУРГИЈА ЗА ТРЕТМАН НА РАКОТ - поранешниот министер се пофали од Осло

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

Лукаревска: „Фудбалчето“ на ДУИ ни се удри од глава

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

(ВИДЕО) БЕБЕТО ПЕТАР ГО ДОНЕСЕ НА СВЕТ НАЈВОЗРАСНАТА ПРВОРОТКА ВО ЗЕМЈАВА: „Медицината поместува граници“

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ДАНЕЛА НЕМА ДА СЕ КАНДИДИРА ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА НА СЛЕДНИТЕ ИЗБОРИ: Еве што рече таа во изјава за медиумите

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

ЦИГАРИ, НАКИТ, ОБЛЕКА, ПАРФЕМИ - Цариниците со полни раце работа, спречен и шверц на мигранти

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

Крмов со објаснување: Му го навредија семејството на Апасиев, ова е втор инцидент со пратеници на ВМРО-ДПМНЕ

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

МОНИКА ЗАЈКОВА КАКО ДА ГО ВПЕРУВА ПРСТОТ КОН МИЛЕВСКИ: Не сакам да верувам дека стои зад иницијативата за моја смена, но ако свесно го прави, тоа е работа на МНР

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ НА МИТРОПОЛИТОТ ТИМОТЕЈ ЌЕ БИДАТ ИЗЛОЖЕНИ ВО ХРАМОТ НА ПЛАОШНИК ДО КРАЈОТ НА ВЕЧЕРНАТА СЛУЖБА: Верниците се простуваат од Владиката

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје

Најстарата мајка се породи во Македонија во Клиниката за гинекологија во Скопје