ГО БАРАЛЕ ЗА МОБИЛИЗАЦИЈА: Украинец се самоуби во регрутен центар
Објавено во: Свет 22 Октомври, 2024
Украинец се самоуби во регрутен центар.
Украинските власти соопштија дека мажот, кого го барале за мобилизација, се самоубил кога полицијата го уапсила и го однела во центар за регрутирање.
Во градот Полтава во централно-источниот дел на Украина, локалните власти известија дека во една од „техничките простории“ на центарот за регрутирање е пронајдено тело на маж, со „јасни знаци“ на самоубиство.
Полицијата вчера го донела таму бидејќи бил на списокот на барани лица кои избегале од мобилизацијата.
„Тој одби да се појави на воен медицински преглед“, напиша локалниот воен центар за регрутирање на Фејсбук.
Центарот соопшти дека мажот не бил подложен на физички или психолошки притисок.
Отворена е истрага за околностите на неговата смрт.
На повеќето мажи на воена возраст не им е дозволено да ја напуштат земјата според воената состојба, но илјадници нелегално ја минале границата во обид да избегнат регрутирање, соопштија украинските власти.
Десетици од нив ги загубија животите обидувајќи се да ги препливаат пограничните реки.
Системот на воен рок добивка критики за корупција и неправда, поради што претседателот Володимир Зеленски ги отпушти сите службеници задолжени за мобилизација во 2023 година.
Главниот обвинител на Украина, Андриј Костин денеска соопшти дека поднесува оставка откако истрагата утврдила постоење на широк систем на корупција, според кој службениците на неговите служби успеале да избегнат мобилизација.
На почетокот на октомври од службено лице осомничено дека им помагало на поединци да избегнат мобилизација е запленета противвредност од околу пет милиони евра во локална валута. Руската инвазија на Украина почна на 24 февруари 2022 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.