22 Ноември, 2024
0.0323

Го дерат ли приватните фирми РЕК Битола за ископ на јаглен и јаловина?

Објавено во: Економија 22 Октомври, 2018

Добивај вести на Viber

РЕК Битола нема сопствена механизација и во тек е тендер на кој сака да купи 44 машини за копање и транспорт на јаловина и јаглен и нивната планирана вредност е 19 милиони евра. Со тоа ќе запре праксата на ангажман на туѓи машини и персонал. РЕК Битола од почеток на годинава плаќа 20 милиони евра, а низ минатите седум години плати повеќе од 100 милиони евра за вакви услуги. Ако набавка на 44 машини потребни за обемот на работа во РЕК е проценета на 19 милиони евра колкави се реално профитите на фирмите кои го работат тоа за РЕК Битола? Дали тие реално си конкурираат на тендерите за ископ? Има ли тука картелско здружување? И конечно дали државните органи на прогонот можат да ја расчистат „прашината“ доколку таква се крева со тендерите во РЕК Битола? Може ли Регулаторна комисија за енергетика да провери колку се реални трошоците на РЕК Битола за ископ на јаглен и јаловина?

Најголемиот македонски производител на струја РЕК Битола распиша тендер за набавка на 44 машини за ископ и за транспорт на јаглен и јаловина за потребите на термоелектричната централа во Битола. „Фактор“ во интерес на целосно и објективно информирање на јавноста побара информации за тоа во која фаза е тендерот. Од ЕЛЕМ и од РЕК Битола добивме исцрпен и објективен одговор во кој објаснуваат дека до сега постапката се уште е во фаза на технички дијалог, прва фаза,во која сите заинтересирани економски оператори (фирми) можат да дојдат во ЕЛЕМ и да поставуваат прашања и забелешки со евентуални барања за измени во тендерската документација. Кажуваат дека 13 заинтересирани домашни и странски фирми учествуваат во тој технички дијалог. Нивните прашања, сугестии и предлози се многубројни и уште се разгледуваат. Паралелно со ова РЕК Битолаврши и дополнително истражување на пазарот согласно забелешките дадени при техничиот дијалог, кои доколку се прифатат, може да имаат значително влијание врз вкупните потребни средства планирани за реализација на оваа јавна набавка. Нема конкретен одговор за колку време РЕК Битола ќе може да набави нова механизација.
Во одговорот пишува дека долго време не била спроведена јавна набавка од ваков тип во која се купуваат 44 нови машини и потребно е таа да се спроведе со добра претходна организација на процесот. Набавката опфаќа:  8 хидраулични багери-ровокопачи, 9 булдожери, 2 грејдери,3 автодигалки, 3 утоварувачи, 2 комбинирани градежни машини-скипови, 4 телескопски чистачи на транспортни ленти, 2 цистерни за вода, 3 товарни возила со хидраулична рака за кревање и превоз на товар и 8 камиони-дампери со носивост од 30 тона. Во одговорот на РЕК Битола пишува , цитираме: Ова е целата помошна механизација што му е потребна на РЕК Битола за да не ангажира повеќе надворешна механизација.

Кој доби тендери во РЕК Битола за 20 милиони евра?

Според официјалната евиденција на јавни набавки за потребите на РЕК Битола достапна на агрегаторот за вести time.mk од почетокот на годинава до сега 6 фирми склучиле договори со кои од нив ќе биде ангажирана механизација и кадар за ископ и транспорт на јаглен и на јаловина. Битолски „Пелистер“ има два договори за ископ на јаглен и јаловина вредни 8,63 милиони евра, битолската фирма „Марковски компани“ има два договори од кои едниот е за услуги од градежна механизација на повик од РЕК и другиот е за ангажман на механизација за ископ на јаловина во „Суводол“ и тие вредат 5,3 милиони евра. „Гранит“ има еден договор за ископ на јаловина вреден 1,28 милиони евра, скопската фирма „МИС Комерц“ има еден договор за услуги од градежна механизација вреден 3,7 милиони евра, а битолски „Рубитон“ има договор за ископ на јаловина вреден 1,185 милиони евра, а „Руд Коп“ од Битола има договор за помошна механизација за потребите на РЕК вреден 0,58 милиони евра.

Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

НАПАДОТ ОД ВЧЕРА ИМАШЕ ВЛИЈАНИЕ: Руската валута е на најниско ниво во однос на доларот од март 2022 година

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

МИЦКОСКИ ОД СРБИЈА: Овој настан е доказ за моќта на соработката што нашите земји ја имаат кон унапредувањето на економските врски

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

СЕ ЗГОЛЕМИ ЦЕНАТА НА ЗЛАТОТО: Колку чини унца попладнево?

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

МОЖНОСТ ЗА РАБОТА: Итно се потребни 5.000 работници, дневници до 130 евра и лесна регистрација

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

Зајкова: Поднесувам Закон за намалување на трошоците за банкарски услуги

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

(ВИДЕО) За една недела започнува со работа метрото во Солун, ќе функционира без возачи

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

ЛОШИ ВЕСТИ ПРИСТИГНАА И ЗА ВРАБОТЕНИТЕ ВО БОШ: Еве каква информација добија

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

Катар ервејс размислува да ги преземе поранешните А330 на Американ ерлајнс

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria

UNIQA Insurance Group AG го продава осигурителниот бизнис во Македонија, Косово и Албанија: Новиот сопственик е Авни Понари сопственик на SIGAL Group Austria