ГО ДОСТАВИЛЕ НОВИОТ УЧЕБНИК ПО ИСТОРИЈА: Историската комисија се сретна во Софија
Објавено во: Македонија 26 Септември, 2025 17:09
Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение.
-Средбата протече според традиционален дневен ред: дискусија по македонските учебници за VII одделение; дискусија за евентуални заеднички чествувања; усогласување на записници. Македонската страна во Комисијата ја претстави новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го достави новиот учебник по Историја за VII одделение. Поради тоа дискусијата по првата точка од дневниот ред беше беспредметна, се вели во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.
По прашањето за евентуални заеднички чествувања, бугарската страна инсистирала на заедничко чествување на одредени личности, според нивната перцепција за т.н. „заедничка историја.“ Македонскиот тим, пак, се посочува, инсистирал на заедничко одбележување на крајот на Втората светска војна како симбол на победата на доброто над злото.
-И овој пат по дискусијата по оваа тема до израз дојдоа различните разбирања и позиции на двете страни, стои во соопштението од македонскиот тим од Комисијата.
Македонскиот тим од Комисијата продолжува да одржува проактивен пристап, залагајќи се за одржливи решенија врз основа на европските искуства и вредности.
На средбата бил потпишан Записникот од 30. средба од 2024 година и била утврдена динамика за работа до крајот на годината. Следната средба, како што е најавено, ќе се одржи во првата половина на ноември, во Скопје.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата
МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење
СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема
УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето
Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје
Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив
Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска
Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?
ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија




