Го користиме за многу јадења, но него го снемува на нивите и ќе биде поскап
Објавено во: Економија, Агробизнис 18 Август, 2023 07:25
Кромидот е неизбежен дел од многу македонски јадења. Бучин е крушевско село познато по долгата традиција на производство на кромид. Но, површините засадени со кромид сега се многу помали од порано.
Причините зошто е така се добро познати, а тоа е дека младите се иселуваат, старите не можат да работат и проблем е пласманот. Ана Пачешкоска, директорка на основното училиште „Свети Кирил и Методиј“ во Бучин, се занимава со земјоделство и вели дека денес секоја десетта куќа во селото сади кромид, а тоа е многу помалку од претходно. Објаснува дека трошоците за производство се зголемени, мораат да прскаат, а за разлика од порано кога се работело рачно, со мотика и наводнувале од реката, сега користат машини и систем капка по капка. Но, тоа си повлекува плус трошоци. Како што додава, сега кромидот го откупуваат на големо за 30 до 40 денари за килограм. Таа вели дека килограм не треба да падне под оваа цена за да им се исплати трудот.
„Ние садевме 4 декари, а сега имаме 2 декари со кромид и на таа површина се раѓаат 10 тони кромид. Селото има околу 280 aктивни куќи, зборувам за постојани жители, но има и луѓе кои живеат во Прилеп или Битола, а садат кромид во селото. Има и жители кои воопшто не садат кромид. Младите го избегнуваат земјоделството, затоа што оваа работа е потценета. Пред 10 години се произведуваа 4.000 тони, а денес околу 400-500 тони“, вели Пачешкоска.
Објаснува дека и во училиштето каде таа е директорка, одбележуваат Ден на кромидот.
„Во декември одбележуваме Ден на кромидот, при што родителите на децата подготвуваат специјалитети со кромид. Има богата трпеза, јадења кои вклучуваат кромид, месено, јадења со компир, со месо и слично. Целта е децата да научат повеќе за традицијата на селото“, вели директорката.
Се споменува дека во 1910 година во селото почнал да се произведува бучинскиот кромид. Изминативе години се случуваше град да ги оштети насадите по нивите. Земјоделската работа многу зависи од временските услови. Ако ги погледнеме статистичките податоци на Државниот завод за статистика(ДЗС) на годишно ниво во земјава се произведуваат над 50.000 или нешто над 60.000 тони кромид. Во 2012 година имало послабо производство од 43.732 тони, а во 2016 се произведени 60.958 тони кромид. Просечниот принос по хектар варирал од 12.000 до 17.000 килограми. Минатиот месец на пазарите низ Македонија кромидот чинеше и до 80 денари за килограм.
Сања Атанасовскаfoto freepik.com
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“
Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември
Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен
Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените
Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава
Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања
Германската Heidelberg Postpress бара стабилната деловна средина и квалификувани работници - ТИРЗ Скопје и Штип меѓу потенцијалните локации
Инженери на РМ: ВМРО-ДПМНЕ да ја повлече наплатата од 200 денари за пристап до мрежа, како што вети





