20 Март, 2023
0.0257

ГО НАШЛЕ НА ИНСТАГРАМ: ДЕВОЈЧЕ ОД 14 ГОДИНИ НАД ЕДНА ГОДИНА БИЛО УЦЕНУВАНО, СИЛУВАНО И КОРИСТЕНО ЗА ПОРНОГРАФИЈА - петмина се уапсени, еве колкави се казните

Објавено во: Македонија 27 Јануари, 2023

Добивај вести на Viber

Згрозувачки случлај објавија Полицијата и Обвинителството. 

Од МВР известија дека петмина злоупотребувале во еден долг период малолетничка и ја принудувале на порнографија. 

„Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во содејство со Секторите за внатрешни работи Велес и Тетово, под раководство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција реализираше случај за сторено кривично дело „трговија со дете“ предвидено и казниво по член  418-г од Кривичен законик, извршено од страна на пет лица на возраст од 25 до 32 години, од кои четири од Велес и едно од Тетово, кои се лишени од слобода“, се вели во соопштението од МВР.

Имено, С.Д.(25) од Велес  во временскиот период од  09.12.2021 година и во текот на 2022 година вршел продолжени кривични дела трговија со дете, користејќи закани, принуда за користење дрога и алкохол, и со уцена дека јавно ќе објави експлицитен материјал, овозможил малолетничката да биде злоупотребена за сексуални услуги и изготвување на порнографски материјал. Тој им овозможил на Д.С.(32) од Тетово, Д.Н.(25), Т.И.(22) и К.Т.(24), сите од Велес, да користат сексуални услуги од малолетничката, а на Д.С. и да изготви порнографски материјал.

„Врз основа на издадена судска наредба од Основен кривичен суд Велес, на подрачјето на Велес извршен е претрес во дом и други простории кај С.Д., петте лица се приведени и против нив од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција за сторено кривично дело „трговија со дете“ по чл 418-г од Кривичниот законик“, велат од МВР.

Од Обвинителството, пак, дадоа известување дека јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапувајќи по кривичната пријава на Националната единица за сузбивање криумчарење мигранти и трговија со луѓе при МВР, во текот на вчерашниот ден донела Наредба за спроведување на истражна постапка против четири лица од Велес и едно лице од Тетово. Врз основа на прибраните докази постои основано сомнение дека осомничените сториле кривично дело Трговија со дете предвидено и казниво по член 418-г од Кривичниот законик.

„Првоосомничениот, дваесет и петгодишен велешанец, од крајот на декември 2021 година и во текот на 2022 година, со употреба на закана над детето – жртва им овозможил на останатите осомничени и на други НН лица да вршат полови дејствија со жртвата на трговија со луѓе – по пат на сексуални активности, сексуална експлоатација и порнографија. Тој, во декември 2021 година преку апликацијата Instagram остварил комуникација со четиринаесетгодишното девојче – жртва на трговија со луѓе и по неколку неделна континуирана комуникација преку апликацијата, откако стекнал доверба кај жртвата, ја довел во заблуда дека ќе започнат љубовна врска. На првата средба бил направен порнографски материјал што првоосомничениот го користел како закана за да го присили девојчето да доаѓа и на други средби, заканувајќи се дека доколку не дојде, материјалите со интимна содржина ќе ги објави и ќе ги сподели на социјалните мрежи, со што ќе и наштети на нејзината чест и углед.

На овој начин, првоосомничениот го принудувал детето – жртва во повеќе наврати да оди во станови што биле наменски изнајмувани на повеќе локации во Велес. На средбите присуствувале осомничени и други НН машки лица, кои прво конзумирале наркотична дрога и алкохолни пијалоци, па во таква состојба вршеле полови дејствија врз детето – жртва и користеле сексуални услуги иако знаеле и биле должни да знаат дека малолетното дете е жртва на трговија со луѓе.

Ценејќи дека постојат околности што го оправдуваат стравот oд опасност од бегство, дека ќе ги сокријат, фалсификуваат или уништат трагите на кривичното дело и дека со влијание врз сведоци и соучесници ќе ја попречат истрагата, како и стравот ако се бранат од слобода дека ќе го повторат делото, на предлог на јавниот обвинител судијата на претходна постапка со решение определи мерката притвор за четворица осомничени и мерка куќен притвор за еден од осомничените.
За ова кривично дело предвидена е казна затвор од најмалку осум години“, се вели во соопштението од Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ Е ГОРД НА ТИМОТ НА ДУИ ВО ВЛАДАТА, ГРУБИ ОСТАНУВА СО ПОДАДЕНА РАКА КОН ОГНЕНИТЕ - еве што говореа на митингот

АХМЕТИ Е ГОРД НА ТИМОТ НА ДУИ ВО ВЛАДАТА, ГРУБИ ОСТАНУВА СО ПОДАДЕНА РАКА КОН ОГНЕНИТЕ - еве што говореа на митингот

ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ВЕЧЕРВА СМЕ ДРАМАТИЧНО ЗАГАДЕНИ - Скопје е петти најзагаден град во светот, еве кои се пред нас на неславната листа

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Ахмети пееше пред митинг, а Грковска го опоменала Груби за играњето фудбал

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот

Маричиќ: Владата е подготвена да ѝ даде на ВМРО-ДПМНЕ да ги формулира амандманите за Бугарите во Уставот

Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Артан Груби

Чаир е на Ахмети и на ДУИ, порача Артан Груби

Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

Максим Димитриевски: Јас не плаќам даноци за да седите во кабинети и пеете

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

„ГИ ОПОМЕНАЛА БРЕ, НЕ МИ СЕ ВЕРУВА“ - Најчевска со жестока реакција откако Грковска се огласи за функционери на ДУИ

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Разбојници упаднале во продавница да крадат, но си заминале со празни раце

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого

Ковачевски за уставните измени: Јас не сум политичар којшто е дојден да убедува или да разубедува некого