ДЕЛОВНИТЕ ЛУЃЕ ДА ПОДГОТВАТ „ВОЕНО СЦЕНАРИО“ – СОВЕТ ОД НАТО АДМИРАЛ: „Армиите добиваат битки, а економиите добиваат војни“
Објавено во: Свет 26 Ноември, 2024
Високиот адмирал на НАТО вчера упати порака до бизнисмените да подготват „воено сценарио“ и
да го прилагодат своето производство и дистрибуција за да бидат помалку
изложени на уцени од Русија и Кина.
„Ако можеме да ги обезбедиме сите производи и услуги, тоа е клучен дел од нашето одвраќање“, рече во Брисел шефот на воениот комитет на НАТО, холандскиот адмирал Роб Бауер.
Говорејќи на конференцијата на Центарот за европска политика, тинк-тенк, тој рече дека одвраќањето вклучува повеќе од само воени способности, бидејќи сите достапни инструменти се користат во војна.
„Сведоци сме на се повеќе саботажи и Европа веќе го доживеа тоа во снабдувањето со енергија“, рече Бауер.
„Мислевме дека имаме договор со Гаспром, но всушност имавме договор со господинот Путин. Истото важи и за кинеската инфраструктура и производи. Ние всушност имавме договор со г-дин Си“, додаде тој.
Бауер предупреди на зависноста на Западот од Кина, која произведува 60 отсто од ретки метали и преработува 90 отсто од нив. Од Кина пристигнуваат и хемиски состојки за седативи, антибиотици, антиинфламаторни и лекови за висок крвен притисок.
„Ние сме наивни ако мислиме дека Комунистичката партија нема да ја искористи оваа моќ. Деловните луѓе од Европа и Америка мора да разберат дека деловните одлуки што ги носат имаат стратешки последици за нивните земји“, истакна Бауер.
„Бизнисмените треба да подготват воено сценарио и да го прилагодат своето производство и дистрибуција на него “.
ФОТО: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.