05 Декември, 2025
0.0342

Го поминав вирусот, не ја добив битката, од каде да најдам пари за лековите: Исповед на гевгеличанецот Рујковски

Објавено во: Македонија 16 Декември, 2020 11:43

Добивај вести на Viber

25-дневната борба со крона вирусот на гевгеличанецот Перо Рујковски не завршува на Интерното одделение во Клиничката болница во Гевгелија. Откакао е излекуван од Ковид-19 и отпуштен од болницата, борбата на Рујковски продолжува во  насока на набавка на лекарствата кои му се препишани од лекарите за целосно закрепнување на неговиот организам.

За Фактор вели дека терапијата е скапа, а бидејќи не е вработен, нема како да си ги обезбеди лековите.

-И јас сум еден од многуте кои директно се соочија со оваа страшна болест. Морам да кажам дека навистина ги почитував сите мерки за заштита од корона вирусот, но бидејќи мојата сопруга е лице со инвалидитет, а имаме пет деца, јас сум тој што мора да ги завршува сите работи. И да пазарам, и да одам по други набавки и децата да ги снабдам со сè што треба. Веројатно, некое мое мало невнимание беше доволно да се заразам. Здравствената состојба ми стана толку тешка што мораа да ме хоспитализираат. Имав обилна пневмонија и цели 25 дена останав на лекување во гевгелиската болница. За терапијата и лековите што да ви кажувам. Секојдневно примав по цела рака лекарства и инфузии. Во мојот случај се покажа дека сè беше делотворно и успеав да го надминам најтешкото. Бев испишан на 9.декември и сега тоа е минато. Сега имам друг проблем, а тоа е  што не можам да си ги купам лекарствата кои се уште морам да ги пијам, прескапи се, посочува 47-годишниот Рујковски кој се обрати до редакцијата на Фактор.

По излегувањето од болница Рујковски се уште прима антибиотици, односно Моксирал, кој не се дава лекарски рецепт, во терапијата му е вклучен и Фавипиравирот, антивирусниот лек, кој е доста поскап, како и останати лекови за заштита на црниот дроб, пробиотици, и останата витаминска терапија.

-И после цела недела како сум дома, уште чувствувам стегање и болки во градите. Лекарите велат дека оваа терапија никако да не ја прекинувам. Освен тоа, добив и дијабетес и тоа за време на престојот во болница. Го одржувам нивото на шеќерот со инсулинска терапија, инаку гликемијата во крвта ми беше 23. Пред да се разболам од Ковид-19 немав дијабетес, вели Рујковски.

Обраќајќи се до Фактор, Рујковски замолува за хуманост од страна на граѓаните да му помогнат да ги купи лекарствата и докрај да ја извојува битката со корона-вирусот.

-Сигурно не сум единствен. Постојат и други граѓани кои сигурно бараат начини како да си ги набават потребните лекови. Јас сум оставен сам на себе, немам од кого да побарам помош, вели гевгеличанецот, кој испрати и фотографии од лекарствата кои треба да ги купи.

На оваа сметка граѓаните може да ја покажат нивната хуманост

А.Б.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите