19 Април, 2024
0.0284

Го претставуваме Samsung Galaxy Tab S6: Нов таблет кој ја надградува твојата креативност и продуктивност

Објавено во: Мои пари 31 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Galaxy Tab S6 го збогатува мобилното искуство со тоа што им овозможува на луѓето да ги изразат нивните идеи и да завршат повеќе работа.

Samsung Electronics Co., Ltd. денес го најави Galaxy Tab S6 – нов таблет кој им овозможува на луѓето да создаваат и да се поврзуваат, да уживаат во забавни содржини и да ги остваруваат своите цели каде и да одат. Направен за оние кои имаат потреба да ја задоволат својата љубопитност и да ги изразат своите креативни таленти, Galaxy Tab S6 им овозможува на корисницете да прават многу повеќе отколку на било кој таблет претходно.


„Денешната инспирација доаѓа во моментот и без најава и затоа креативците и професионалците имаат потреба од уред кој може да држи чекор со нивната незаситна имагинација додека го надополнува нивниот зафатен, секогаш – во – трк начин на живот,“ рече DJ Koh, Претседател и CEO на одделот за IT и Мобилни комуникации во Samsung Electronics. „Galaxy Tab S6 им овозможува на корисниците да ја отклучат својата креативност, во меѓувреме нудејќи карактеристики за продуктивност и напредна технологија кои се на врвно ниво и кои секогаш се очекуваат од таблетите на Samsung.“

Редизајнираниот S Pen ги зајакнува креативноста и продуктивноста

Добро познатиот S Pen на Samsung започна како инструмент за пишување и цртање, но

еволуираше во врвен партнер на креативноста и продуктивноста. Сега, со фунцијата за далечинско управување и можностите за безжично полнење, S Pen на Galaxy Tab S6 им дозволува уште поголема моќ и контрола на своите корисници. Со вградената BLE функционалност за далечинско управување[1] вклучувајќи и функција за гестикулација наречена S Pen Air actions, S Pen ви дозволува интуитивно да правите селфиња и видеа или да ја контролирате мултимедијалната содржина која ја креирате дури тогаш кога таблетот не е во ваши раце. Плус, S Pen има и безжично полнење кое испорачува и до 10 часа траење на батеријата[2], со само десет минути полнење.

Правењето на белешки со S Pen на Galaxy Tab S6 е многу лесно. Рачно напишаните Samsung Notes може да се конвертираат во дигитален текст и да се експортираат во формати како Microsoft Word со само еден клик. Воедно, во исто време може да си забележувате или да скицирате додека гледате видео на истиот екран, со подесување на транспарентноста на прозорчето на Samsung Notes – перфектно за мултитаскинг без воопшто напор.

Нова и надградена верзија на Samsung DeX[3]е спакувана во Galaxy Tab S6, овозможувајќи ви беспрекорна транзиција во искусување на PC-концепт, за полесен мултитаскинг и оптимизирано искуство на гледање. Со DeX функционалното копче додадено на новата посветена Book Cover тастатура на Galaxy Tab S6, можете да го стартувате и затворате DeX со притискање на само едно копче. Тастатурата е подесена за подобра функционалност, вклучувајќи и држач за S Pen, бесплатен држач под агол, touch pad и нови копчиња за одредени функционалности.

Напредна Технологија за Секојдневни Погодности

Samsung Tab S6 има надградба на својата камера, вклучувајќи ја и првата двојна камера со Ултра Широка камера на Samsung таблет, сето тоа во компактно 5.7мм тенко тело кое е во исто време полесно и преносно. Ултра Широката камера им овозможува на корисниците да фотографираат сценографија и пејзажи баш како што ги гледаат, со поле на прегледност од 123 степени, широко колку човечкото око. Во меѓувреме, Единицата за Нервно Процесирање ви овозможува правење на професионални фотографии преку развиените ефекти, со тоа тие изгледаат како да се направени од професионалец.

За прв пат во Galaxy Tab S6, Samsung го носи и Скенерот за Отпечатоци од прсти вграден во самиот екран, со тоа што пристапувањето на самиот таблет е многу полесно отколку било кога. Ова олеснување и погодност се заштитени од Samsung Knox, безбедносната платформа на Samsung која е на ниво на одбранбена технологија. Додатно, можете многу едноставно да го “разбудите“ Galaxy Tab S6 со тоа што два пати ќе го допрете екранот, овозможувајќи ви да се логирате и да го започнете својот ден многу брзо.

Како дел од Galaxy Ecosystem на Samsung, Galaxy Tab S6 се претвора во центар на вашето  менаџирање на уредите преку SmartThings. Заедно со Bixby, можете лесно да ги контролирате вашите уреди со гласовни команди.

Бескомпромисна Забава

Без разлика дали уживате во нова игра или без престан ја гледате вашата омилена ТВ емисија, Galaxy Tab S6 испорачува неверојатно искуство во гледање. Неговиот 10.5“ Супер AMOLED екран, во склоп со четирите звучници и звук од AKG и Dolby Atmos®, ве држи целосно вклучени во акцијата.

Galaxy Tab S6 овозможува многу квалитетно играње преку комбинација на графика, звуци и интелигентен хардвер и софтвер, засилени од партнерството со водечки платформи за игри како Unity и Unreal Engine. Моќниот процесор и Game Booster со Вештачка Интелигенција (AI) го зголемуваат искуството на играње на Galaxy Tab S6 преку опримизација на FPS, заостанување на екранот, време за вчитување и повеќе. Благодарение на партнерството на Samsung со Discord,[4] можете да пристапите кон новата фунцкија за комуникација и пишување во живо преку Game Launcher со цел да креирате стратегии со вашиот тим во текот на играњето.

Со Galaxy Tab S6, може да уживате во своите омилени содржини. Многу лесно можете да го прелистувате Netflix и неговите содржини во пребарувачката функција вклучена во уредот, да уживате во својата омилена музика на Spotify со тримесечен бесплатен Spotify Premium сервис и да ги гледате своите омилени YouTube видеа без реклами, офлајн и во движење со четири месеци бесплатниот YouTube Premium[5].

Galaxy Tab S6 го има во боите Планинско Сива, Облачно Сина и Ружа Руменило. Ќе биде достапен во продавниците и онлајн при крајот на август во селектирани пазари.

За повеќе информации во однос на Galaxy Tab S6, посетете ги news.samsung.com/galaxy, www.samsungmobilepress.com или www.samsung.com/galaxy.

###

Спецификации на Samsung Galaxy Tab S6

Спецификации

Tab S6

Екран

10.5” WQXGA, Супер AMOLED

Боја

Mountain Gray, Cloud Blue, Rose Blush

Димензии, Тежина

244.5 x 159.5 ×5.7мм, 420гр.

Камера

8MP (Напред), 13MP + 5MP (Позади)

Меморија + Простор

6GB + 128GB или 8GB +256GB , MicroSD (До 1TB)

АП

7nm 64-bit Octa-core процесор (Макс. 2.8 GHz + 2.4 GHz + 1.7 GHz)

Батерија

Таблет

7,040mAh[6]

S Pen

0.35mAh

Конективност

Wi-Fi 802.11 a/b/g/n/ac 2.4G+5GHz, MIMO, Wi-Fi Direct,

Bluetooth® 5.0

GPS

GPS + GLONASS, Beidou, Galileo

Сензори

Оптички сензор за отпечатоци, Брзинометар, Жироскоп, Геомагнетски сензор, Сензор на Хал ефектот, Сензор за RGB светлост.

MIC

2 MICs

Видео

Снимање: UHD 4K (3840x2160) @ 30fps

Емитување: UHD 8K (7680 x 4320) @30fps

Аудио

4 звучници со звукод AKG, Dolby Atmos®

Додатоци

Book Cover Тастатура, Book Cover, POGOдек за полнење, S Pen

* Карактеристиките може да се разликуваат зависно од пазарот и мобилниот оператор.

**Целата функционалност, карактеристиките, спецификациите и другите информации за производот достапни во овој документ, но не ограничени од истиот, бенефитите, дизајнот, цените, компонентите, перформансите, достапноста и способностите на производот, се подложни на промени без претходно известување.

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со своите трансформативни идеи и технологии. Компанијата го редефинира светот на телевизорите, смартфоните, уредите дизајнирани за носење, таблетите, дигиталните апарати, мрежните системи и меморијата, LSI системи, леењето и ЛЕД технологијата. За најновите вести, Ве молиме посетете ја Samsung Newsroom на http://news.samsung.com.



[1] Далечинското управување на S Pen достигнува до 10 метри во отворен простор. Перформансите варираат врз основа на околностите.

[2] Траењето на батеријата на S Pen трае до 10 часа на standby. Самиот живот на батеријата може да варира зависно мрежната околина, начините на употреба и други фактори.

[3] Посетете ја официјалната Samsung DeX страница за да ја разгледате секогаш растечката листа на поддржани апликации и да добиете повеќе информации за Samsung DeX.

[4] Discord функцијата ќе биде достапна кон крајот на август и достапноста на сервисот ќе варира од држава во држава.

[5] Spotify е само за корисници кои се нови на Premium и кои имаат Samsung account и добиваат информации за оваа понуда директно од Samsung. Оваа понуда ја има само во неколку држави и можеби нема да ја имате ако патувате во странство. Бесплатната 4 месечна промоција на YouTube Premium е можна со купување и активација на подобни уреди до февруари 29, 2020. Понудата е достапна во неколку земји и може да не е достапна доколку патувате во странство. Повеќе детали за сите услови: youtube.com/t/premium_restrictions.

[6]Типичната вредност тестирана под лабораториски околности на трети лица. Типичната вредност е проценета да е просечната вредност зависно од девијацијата на капацитетот на батериските примероци тестирани под IEC 61960 стандардот.  Оценетиот (минимум) капацитет е 6,840mAh (Оценет капацитет на батеријата). Вистинскиот живот на батеријата може да варира зависно на мрежната околина, начините на користење и други фактори. Максималниот капацитет на батеријата природно ќе се намалува со тек на време и користење. 

Можеби ќе ве интересира

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ

ВТОРА ГОДИНА ПО РЕД „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈПОСАКУВАН РАБОТОДАВЕЦ