ГО СНЕМУВА ДЕТСКИОТ ПЛАЧ ВО МАКЕДОНИЈА – од година во година се помалку новороденчиња, значителен пад за 10 години
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2024
Наталитетот во Македонија значително опаѓа. Од година во година се помалку деца се раѓаат, и покрај постојаните укажувања, овој факт воопшто не е променет, напротив имаме влошување нa состојбите.
Последните податоци покажуваат дека за десет години бројот на новороденчиња во Македонија е намален за скоро седум илјади. Имено најновите податоци на Државниот завод за статистика откриваат дека во текот на минатата 2023 година се родиле 16.737 деца, и споредено со 2014 година кога биле родени 23.596 деца има намалување од точно 6.859 живородени деца.
Ако се погледнат по години бројот на новороденчињата, ќе се забележи дека од 2014 година наваму има постојано опаѓање на бебињата родени во Македонија.
Па така во 2016 имало 23.002 деца, веќе во 2018 спаднале на 21.333 деца, додека во 2020 биле родени 19.033 деца. Најголемиот пад е забележан во текот на минатата година, кога во споредба со 2022 година бројот на новороденчињата се намалил за 1.336 деца.
Податоците откриваат дека најголем дел од новороденчињата се родени во главниот град, а потоа очекувано следуваат поголемите градови.
Па така во Скопје лани се родиле 5.665 деца, а најмногу имало во скопската општина Чаир, каде биле родени 888 деца, по што следува Аеродром со 666 деца и Гази Баба каде пак биле родени 663 новороденчиња.
Прв град по Скопје по бројот на новороденчиња е Куманово со 930 деца, по што следува Тетово со 871 деца. Прв град по него е Битола со 688 новороденчиња, па следува Прилеп со 519 деца. Петти град во Македонија по бројот на новороденчиња е Струга со 485 деца.
Една добра вест во извештајот на ДЗС е намалувањето на бројот на мртвородени дечиња. Имено во 2014 година имало вкупно 171 мртвородени бебиња, додека во текот на минатата година 122 дечиња, што е и очекувано со оглед на падот на бројот на новороденчиња.
П.О.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.