ГО ВОДЕШЕ ПРЕДМЕТОТ ЗА ДИРЕКТОРОТ НА АНБ: Ристовска избрана за заменик-претседателка на ДКСК
Објавено во: Македонија 15 Август, 2025 13:27
Членот на Државната комисија за спречување на корупција, Цвета Ристовска ќе биде заменик претседателка на Комисијата.
Ристовска, која го водеше предметот за предметот за директорот на Агенцијата за национална безбедност Бојан Христовски ќе стане заменичка на 21 август, бидејќи тогаш истекува мандатот на актуелната заменик претседателка, Билјана Каракашева Шулев.
Оваа функција, заменик на претседателот на антикорупционерите е ротационо место - се менува по азбучен ред од презимињата на членовите, но со мнозинство на гласови.
Ристовска ќе ја води Антикорупциската комисија до изборот на нов претседател, односно до завршување на локалните избори, а откако претседателката Татјана Димитровска си поднесе оставка под притисок на јавноста, бидејќи е обвинета за две кривични дела.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




