16 Декември, 2025
0.0420

ГО ЗАЛАЖУВАА ПУТИН ЗА КИЕВ ДА КУПИ ВРЕМЕ ЗА ВОЈНА, ПРИЗНАВА МЕРКЕЛ: „Во 2015 Русија ќе имаше лесна победа“

Објавено во: Свет 10 Декември, 2022 08:13

Добивај вести на Viber

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел во интервју за „Die Zeit“ признава дека го „залажувале“ рускиот лидер Владимир Путин за договорите од Минск.

Предлози за нормализирање на односите на истокот на Украина главно даваа германски политичари, но сега Меркел призна дека сето тоа е направено само за да се обезбеди време Киев да се вооружи и зајакне.

Меркел за „Die Zeit“ изјави дека договорите од Минск во 2014 и 2015 година биле обид да и се даде време на Украина и тоа го искористила да стане посилна, што и го гледа денес. „Украина од 2014 и 2015 година не е она што е Украина денес“, вели поранешната канцеларка на Германија. Таа додаде дека на сите им е јасно дека се работи за замрзнат конфликт и дека проблемот не е решен, но тоа на Украина и дава драгоцено време.

– На почетокот на 2015 година Путин лесно можеше да ја освои територијата на Донбас. Се сомневам дека земјите-членки на НАТО можеле да направат нешто за да и помогнат на Украина во тоа време. Киев беше принуден да го прифати договорот од Минск по катастрофалниот пораз на украинската армија кај Дебалцево – изјави Меркел за „Die Zeit“.

Договорот од Минск од 2015 година вклучуваше прекин на огнот, повлекување на тешкото оружје од линијата на конфликтот. Дополнително, беше предвидена и уставна реформа која треба да овозможи децентрализација на Украина, врз основа на која ќе се донесе закон за посебен статус на регионите Доњецк и Луганск. Но, со поттик на Западот, Киев никогаш немаше намера да ги спроведе договорите.

Интервјуто предизвика големо негодување во Русија, бидејќи признанието на Меркел потврдува дека Западот не сакал трајно да ги реши проблемите во Донбас, каде руското население ќе добие автономија, туку ќе остане дел од Украина. Во коментарот на високотиражниот весник „Московски комсомол“ се посочува дека западните земји не ги одржале само вербалните ветувања, како што беше случајот кога го измамија поранешниот претседател на Русија Михаил Горбачов, ветувајќи дека нема да се шират на Запад, но дури кога договорот беше потпишан.

фото: EPA-EFE/SPUTNIK / KREMLIN 

Можеби ќе ве интересира

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави