ГОБ „8 СЕПТЕМВРИ“ ПОДГОТВЕН ЗА РЕДОВНИ ОПЕРАЦИИ: Од утре ќе се прават хируршки зафати и на пациенти кои немаат ковид
Објавено во: Македонија 26 Јули, 2020 16:49
Градската болница
„8 Септември“, која во моментов е најголемиот ковид-центар во земјава, од утре
треба да почне и со редовните операции на пацинети кои не се позитивни на
вирусот. Од почетокот на март, откако беше прогласена епидемијата во земјава,
болницата е здравствена установа во која се хоспитализираат најголемиот број
пациенти заразени со корона вирусот, а истовремено тие се и со најтешка
клиничка слика. Од овие причини, во болницата практично и да немаше операции,
освен тие што беа итни.
-И покрај тоа што во моментов има точно 100 хоспитализирани пациенти болни од ковид, од кои тројца се на респираторна поддршка, во текот на изминативе скоро две недели се направи реорганизација во болницата за да можеме да правиме барем по три хируршки зафати кај пациентите кои веќе неколку месеци чекаат, а за среќа не се итни, велат за Фактор од ГОБ „8 Септември“.
Истовремено потенцираа дека дел од пациентите болни од вирусот се префрлени на првиот кат, каде претходно беше сместена кардиохирургијата на Жан Митрев, а целосно е исчистена и направена е дезинфекција на шок собата, односно интензивната нега, како и оперативниот блок за да се стават во функција за редовните операции.
Во болницата има 30 хирурзи, за разлика од анестезиолозите, кои се само 11, па од оваа установа велат дека тоа е навистина проблем кој ќе мора итно да го решат.
А.Б.Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




